Close Menu
Омниа
    Facebook X (Twitter) Instagram
    среда, мај 14
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    • Јога
    • Здравје
    • Личен развој
    • Духовност
    • Авантури и природа
    • Глобална свесност
    • Рецепти
    • Астрологија
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    Home»Јога»Светиот цвет – Лотос
    Јога

    Светиот цвет – Лотос

    omnia.mkBy omnia.mk27/05/2020Updated:17/01/2023Нема коментари4 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    лотос
    Share
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Лотосот (лат: Nelumbo nucifera) или Светиот цвет, постоел уште пред појавата на човекот, како дел од водниот свет.  И покрај тоа што неговиот корен се наоѓа длабоко во калта, неговото стебло се извишува и цветот плови над површината на водата, со вонвременска убавина, беспрекорно чист и недопрен од водата и калта, како најубавиот цвет.

    За време на геолошките промени, во леденото доба, повеќето растенија исчезнале, но цвеќето лотос  преживеало. Лотосот е отворен преку ден. Ноќе цветот се затвора и се повлекува, а со утринското изгревање на сонцето,  повторно се издигнува на површината и се отвора кон сонцето.  Ако го скинеме, се затвора и повеќе не ги отвора своите ливчиња. Според зборовите на кинескиот принц и поет Цао Џи (Cao Zhi, 192-232) – „од сите растенија во светот, цветот на лотосот е најуникатен“.

    Лотосовиот цвет ги симболизира фазите на духовниот напредок. Затворена пупка е синоним за почетокот на патувањето, делумно отворениот цвет означува чекорење по патеката, а целосно отворениот лотос означува просветленост.

    Во јогата се користи како симбол при вежбање концентрација и медитација. Во зависност од бојата и бројот на ливчиња, лотосот е атрибут на секоја чакра.

    Симболика

    Симболиката на лотосот (санскрит: Padme) е една од најстарите на нашата планета. За прв пат ја сретнуваме во хиндуизмот и будизмот, каде лотосот се почитува како свет цвет. Тој има клучна улога во ритуалите за плодност, па оттаму се поврзува со раѓањето. Симбол е на просветлувањето, чистота, божественоста, духовноста, убавината, плодноста, долговечноста, мудроста, спокојството, самореализацијата и саморегенерацијата.

    Симболиката на лотосот присутна е во секој сегмент на азиската уметност и култура воопшто. Во класичната литература на овие земји, лотосот е присутен во поеми и песни како алегорија за идеална женска убавина – елеганција, совршенство и чистота.

    Симболиката на лотосот ја сретнуваме и во Египет. Во гробниците и храмовите низ целиот Египет присутен е приказот на лотосот и на папирусот кои го симболизираат обединувањето на Горниот и Долниот Египет. Симбол е на сонцето и на повторното раѓање.

    Хиндуизам

    Во хиндуизмот лотосот се поврзува со создавањето. Го претставува концептот за исконското раѓање на Господ Брама од космичките води. Брама излегува од папокот на Господ Вишну што алудира на тоа дека почетокот на животот е во водата. Исто така, кај хиндусите првобитната свест, прапочетокот се претставува како лотос отворен кон сонцето. Многу чест е приказот на божествата Вишну и Лакшми претставени на розов лотос, богот Ганеша, божицата Сарасвати …

    Позната е глинената Примарна Божица на Земјата – Лаџагаури (Lajja Gauri) која е најдена во многу делови на Индија. Претставена е на лотос со отворени гениталии. Во рацете исто држи лотоси. Нејзиниот мирис и нектар привлекуваат пчели и пеперутки кон неа.

    Будизам

    Во будизмот, лотосот го симболизира будењето на Сидарта Гаутама – Буда. Ја симболизира чистотата на телото, говорот и умот издигнати над матната вода, над желбите, стравот и страста. Една од формите на Буда се нарекува Падмапани – тој што го држи лотосот во рака. Најпознатата будистичка мантра ОМ МАНИ ПАДМЕ ХУМ се преведува како скапоцен камен во лотосот. Се смета дека во оваа мантра е сублимирано целокупното учење на Буда. Падме – свет лотос, ја симболизира мудроста, која води до реализација на внатрешното јас. Според некои толкувања, скапоцениот камен може да претставува машко семе, кое е затворено, а цветот на лотосот ја претставува матката на жената, што повторно упатува на создавање.

    Падма (Лотос) мудра

    Мудрите се симболични, ритуални гестови кои влијаат на протокот на прана во телото и ги усогласуваат вибрациите на чакрите (енергетски центри).  Со Лотос мудрата ја стимулираме срцевата чакра – Анахата и се отвараме кон радоста, љубовта и сочувството.

    За изведување на оваа мудра, поставете ги дланките во Анџали мудра во центарот на градниот кош. Потоа одвојте ги показалецот, средниот и домалиот прст и направете отвор во вид на отворен расцветан цвет на лотосот.

    Падмасана (Лотос положба)

    Во јогата, падмасана (лотос положба) е седечка положба во која двете нозе се вкрстуваат една врз  друга со ставање на стапалата на спротивната бутина. Оваа положба е идеална за пранајама и за медитативните техники.

    Карактеристики на растението Лотос

    Постојат многу видови на лотос. Цветните лотоси можат да имаат многу големи цветови и да живеат во многу длабока вода, до под 1,5 метар, но можат да бидат и многу мали и лесно да се постават во вазни.

    Прилагодливи се на локалните опкружувања и на временските услови. Иако својата убавина и раскош го покажуваат на сонце, отпорни се и на студени температури. Лотосот цвета од средината на пролет до почеток на есен.

    Цветовите, семките, младите листови и коренот погодни се за јадење.

    УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
    Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

    будизам лотос падмасана свет цвет хиндуизам
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Previous ArticleАштанга јога – најбрзиот духовен тренинг на денешницата
    Next Article Салата со тофу и брокула
    omnia.mk

    Related Posts

    Пренатална јога: Подгответе го телото за бременоста

    09/09/2024

    Медитација и јога во природа: Придобивки, совети и најдобри места во Македонија

    25/05/2024

    Болка во зглобовите при јога? 11 совети за спречување на болки во зглобовите

    05/02/2024

    Comments are closed.

    Омниа.мк
    info@omnia.mk
    контакт телефон +389210180
    Copyright © 2023 Omnia.mk

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.