Тајната да се биде свесен потрошувач е едноставна – застанете и размислете. Дозволете си да излезете од шаблонот наметнат од консумеристичкото општество.
Врската помеѓу прекумерната потрошувачка, нередот и небалансираните емоции не е нова. Различни психолошки истражувања покажуваат како средината во која живееме влијае на состојбата на нашето ментално здравје. Неуредните простори се поврзани со депресивни состојби, а акумулацијата на предмети влијае на расположението и самодовербата. Дали е можно да се биде среќен со помалку? Ние веруваме дека може.
Помалку купување – подобра емоционална рамнотежа
Усвојувањето на овој начин на размислување, исто така, ни овозможува да создадеме поодржлива средина. Премногу сме „зафатени“ за да ја бараме среќата, а не можеме да разбереме дека нашата емоционална рамнотежа е од витално значење за постигнување стабилно ниво на среќа.
Медиумите и социјалните мрежи ја зајакнуваат илузијата за совршенство, речиси секогаш поврзана со консумеризмот. Секојдневно, преку нови технологии, рекламирање и разни информации, сме бомбардирани со чудесни ветувања кои гарантираат рецепти за речиси инстант среќа. Така, наместо да го искористиме она што го нуди животот, ние тежнееме да учествуваме во маѓепсаниот круг. Од плата до плата до плата, живееме во илузија на однапред направени и однапред смислени идеи за среќа. Честопати овие однапред направени избори се направени врз основа на туѓите желби.
Организирајте се
Дозволете си да излезете од вообичаената шема наметната од сè поконсумеристичкото општество. Исклучете го автопилотот.
Самото консумирање не е лоша навика. Она што го прави купувањето и трошењето лошо се причините за ваквото однесување. Полни плакари и полни полици. Со текот на времето, станува речиси невозможно да се одржува сè организирано. Еден начин да се откажете од навиката за прекумерна потрошувачка е да ја организирате куќата. Кога ќе ги чистите вашите фиоки, полици за книги и плакари, ќе забележите дали имате премногу вишокот работи кои не ви се потребни.
Со помалку предмети дома, ќе сфатите дека домашните задолженија ќе бидат поедноставни и побрзи за завршување. Минималистичкото опкружување можеби ќе ви обезбеди повеќе време да се посветите на други работи што ви даваат задоволство. Вашиот дом најверојатно сè повеќе ќе го гледате како простор на радост – чувство поврзано со пријатни активности.
Пробајте го овој тест. Организирајте го вашиот дом, обидете се да се ослободите од вишокот и видете го влијание од оваа активност врз вашето расположение и самодоверба.
Ослободување
За време на процесот на организација, кој вклучува ослободување од она за што немате повеќе потреба во животот, ќе имате можност да практикување и ослободување.
Замислете го цело ова искуство како витален процес на учење за вашата емоционална рамнотежа.
Да ги земеме во предвид врските, добро е познато дека другите не треба да бидат одговорни за задоволување на нашиоте емоционални потреби. Да ја земеме оваа максима на материјалното поле. Брзо сфаќаме дека предметите не треба да ги пополнуваат празните места во нас, ниту пак да им го припишуваме изворот на нашата среќа. Да не им ја даваме таа моќ!
Живеењето тука и сега, во сегашниот момент важи и за материјалните прашања. Не чувајте предмети само затоа што ви будат минати чувства и спомени. Истото важи и за оние предмети што ги акумуираме со надеж дека ќе бидат корисни за во иднина.
Емоционален минимализам – поедноставете ги вашите емоции
Ништо не е вечно. Ова се однесува и за односите меѓу луѓето и за она што постои на материјалното поле. Животот е постојан танц и во постојана промена. Да научиме да живееме со помалку и да ја најдеме вистинската радост на животот во нас е тајната на нашето патување. Дури тогаш, ослободувајќи се од она што нема смисла или не носи среќа, отвораме простор за новото, за обновување и за повторно раѓање.
Колку и да е вреден, ниту еден предмет не може да го замени вистинското човечко искуство. Затоа се повеќе луѓе ги вложуваат своите финансиски средства во искуства кои им даваат задоволство, како што се патувања, моменти на учење и споделување. Посветете се на создавање и собирање убави спомени.
Свесни потрошувачи и одржлива средина
Придобивките од одговорното консумирање носат придобивки не само за нашето емоционално здравје, туку и за нашата животна средина. Идејата за „свесна потрошувачка“ е сложено поврзана со еколошката одржливост. Со консумирање според нашите реални потреби, избегнуваме создавање вишок, а следствено на тоа, го почитуваме и зачувуваме интегритетот на нашата животна средина и го намалуваме загадувањето.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.