На 8 септември 1887 година во Патамадај – во мало село во близина на реката Тампарарани во Јужна Индија, се родило бебе во многу скромно семејство. Бебето, кое еден ден ќе стане Свами Шивананда Сарасвати, го доби името Купусвами.
Раните години од животот на Сарасвати
Многу брзо станало јасно дека Купусвами бил посебен. Неговите извонредни квалитети се забележувале во неговите мисли, зборови и постапки од многу рана возраст. Имал невина разиграност во него, која се поклопувала со моќен дух на сочувство, одрекување и чувство на дарма – морална должност. Како дете тој, несебично ја делел храната со пријателите.
Тој се истакнувал и во училиште, а учествувал и во вон училишни активности како што се драма, пеење и дебата. Неговата потрага по знаење и неговата страст да им помага на другите го доведела до кариера во медицината.
Во медицинското училиште, неговата жед за знаење се вели дека била неспоредлива и незгаслива. За тоа време, колеџот станал негов дом, а болницата негов храм. По завршувањето на студиите, тој ја отворил својата медицинска пракса во градот Тиручирапали и создадал бесплатно медицинско списание наречено „Амброзија“.
Свами Шивананда во Малезија
Шивананда се преселил во Малезија, каде работел како лекар. Неговото ангажирање за бесплатно лекување на сиромашните резултирало со голем успех. Тој бил назначен за директор на болницата. Обичај на Шиванданда било да ги испраќа своите најсиромашни пациенти дома со доволно џепарлак за да можат да си ги купат лековите што им ги препишал и да им ги надомести загубените плати.
Тој ја сметал својата работа за духовна активност. За него, да им служи на другите било еднакво на служењето на Божественото. Тој бил карма јогин уште пред да го сфати тоа. Во текот на животот добил многу подароци за неговите лекугања – главно од неговите побогати пациенти. Тој со голем ентузијазам ги делел подароците со останатите пациенти. Во една прилика, му била дадена книга од Свами Сачидананда, наречена – „Идентитетот на душата и Бог“.
Оваа книгата имала големо влијание врз неговиот живот. Таа го предизвикала неговиот внатрешен пламен. Тој станал незаситен читател на духовна литература и ја вклучил јогата во неговата секојдневна рутина. Почнал да разбира дека медицината лекува само на површно ниво. Чувството кое го имал дека за него има повисок повик – што отсекогаш се вртело во неговиот ум – станало сè поизразено. Младиот лекар ја напуштил својата пракса и се вратил назад во Индија, каде што го следел патот на мудреците и одрекувачите, во потрага по крајната вистина.
Средба со Свами Вишвананда Сарасвати
Шивананда стигнал до Мадрас-денешен Ченај. Тој го оставил целиот свој имот на еден пријател и тргнал на аџилак за да го најде својот повисок повик. Заминал за Варанаси, каде што посетил многу храмови и големи мудреци, а кулминацијата ја „достигнал“ на аџилак во Ришикеш.
Во Ришикеш, тој се запознал со Свами Вишвананда Сарасвати, јогин кој припаѓа на Срингери Мата – манастир основан од Ади Санкарачарија во 18 век. Тој знаел дека го пронашол својот гуру. Тој бил сигурен дека Свами Вишвананда може да го води кон патот на самореализација. И Свами Вишвананда препознал чисто срце и божествена душа. Инцијацијата на Шивананда во санјаса – откажување следувало кратко потоа и тој го добил името Свами Шивананда Сарасвати.
Подготовка за „новиот“ живот
Свами Шивананда Сарасвати се засолнил во мала колиба. Тој спиел умерено, на под и практикувал интензивно tapasyas. Тој практикувал неколку часаовни медитации на ден и пеење мантри.
Медитацијата, јогата, читањето и служењето на сиромашните станале дел од неговиот дневен распоред. Тој никогаш не пропуштил можност да ги лечи сиромашните и оние кои биле на истиот пат како него. Тој ги чистел, хранел, облекувал и лекувал. Понекогаш дури и молел за храна за нив. Во 1927 година, тој отворил диспанзер за да им служи на аџиите и сиромашните бесплатно.
По години интензивна tapasya и несебична служба, тој се просветлил.
Раѓањето на Друштвото за божествен живот
По неговото просветлување, тргнал на големо патување низ Индија. Посетил важни места на аџилак и познати духовни водачи како што се Шри Рамана Махариши и Махариши Судананда Бхарати.
Откако неговото патување било финализирано, се вратил во Ришикеш за да остане во напуштената штала за крави покрај бреговите на реката Ганг со своите приврзаници. Тој им предавал јога и духовна филозофија на сите оние што го барале негово водство. Бројот на ученици постепено се зголемувал и во 1936 година Свами Шивананда Сарасвати го основа друштвото „Божествен живот“.
Ова „друштво“ што било основано во напуштена штала стана глобална организација со многу гранки низ целиот свет. Друштвото имало две главни цели – да му служи на човештвото и да го шири духовното знаење. Свами Шивананда Сарасвати бил плоден писател. Напишал неколку книги на различни теми поврзани со јогата и духовноста. Додека неговите следбеници растеа и бројот на ученици се зголемуваше од ден на ден, тој започна разни програми за да им служи и да им помогне на сиромашните.
Тој ги застапувал практиките на сочувство, милост, љубов и простување кон сите суштества. За да се шири оваа порака, започнал месечното списание на „Друштвото за Боженствен Живот.
Како поранешен лекар, неговата страст за ублажување на страдањата на другите била силна. Тој верувал дека античкиот систем за лекување на Ајурведа има многу да понуди, што го натерало да ја создаде Ајурведската аптека Шивананада. Друштвото се проширило и се основале многу организации. Диспанзерот прерасна во полноправна болница по што била основана и очна болница.
Во 1963 година, Свами Шивананда Сарасвати достигнал махасамади – највисоката форма на самади, што се однесува на заминувањето од телото на остварената душа.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.