Потребни состојки:
- 450гр. тврдо тофу;
- 1 чешне лук;
- свеж ѓумбир;
- 80мл. соја сос;
- 80мл. вода
- 3 лажици кафеав шеќер;
- 2 лажици пченкарно брашно (за сосот);
- 4 лажици оцет;
- 2 млади кромидчиња;
- сол и бибер;
- 1 лажица пченкарно брашно (за тофуто);
- 2 лажици масло (маслиново или сончогледово);
- 340гр. брокула;
- 2 лажици сусам.
Потребно време за подготовка на ова јадење е 55 минути.
Нутритивна вредност: калории 370; натриум 70% (1690мг); масти 32% (21гр.); протеини 47% (24гр.); јаглехидрати 9% (26гр.); влакна 24% (6гр.)
Начин на подготовка
За сосот: Исечкајте го лукот и изрендајте ѓумбир. Во сад ставете го пченкарното брашно и водата додека не се спојат убаво. Додајте го соја сосот, кафеавиот шеќер, оцетот, маслото, лукот и ѓумбирот. Исецкајте го младиот кромид, но не го додавајте во сосот.
Исечете го тофуто на парчиња, додајте пченкарно брашно врз него, сол и бибер за вкус. Испржете го тофуто на нелепливо тавче со малку масло, на средна температура. Во меѓувреме сварете ја брокулата, на тивок оган. Кога тофуто и брокулата ќе бидат готови, во тавче за пржење ставете го претходно подготвениот сос на средна температура, додајте го тофуто и брокулата и гответе додека сите состојки не се загреат, но не повеќе од 5 минути.
Ставете од салатата во сад за послужување, одозгора посипете со сусам и сецкано младо кромидче.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.