Потребни состојки:
- рукола;
- 6- 7 чери домати;
- 100гр. сирење;
- 50гр. семки (сончоглед, тиква..)
- 200гр. лосос;
- маслиново масло;
- балсамико;
- мед;
- сол и бибер.
Потребно време за подготовка на ова јадење: 30 минути
Начин на подготовка:
Руколата, доматите и сирењето се сецкаат и се ставаат во еден сад. Се додаваат семките од сончоглед и тиква кои претходно можат, но и не мораат да бидат испечени. Се додава маслиново масло и балсамико. Во меѓувреме лососот се пржи на маслиново масло, се додаваат зачини по желба (сол, бибер..) и се додава 1 до 2 лажички мед. Откако ќе биде готов се сервира заедно со салатат.
Voila! Bon appetit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.