Потребни состојки:
- 200гр. пченка;
- 1/2 црвен кромид;
- 1 црвена пиперка;
- 1 авокадо;
- 4 лажички маслиново масло;
- 6 лажички оцет;
- 1 лажичка шеќер;
- 1 лажичка сенф;
- 1 зелен лимон;
- сол и бибер;
Потребно време за подготовка на ова јадење е 30 минути.
Нутритивна вредност: калории 300; натриум 200мг. (8%); масти 28гр. (43%); протеини 2гр. (4%); јаглехидрати 13гр. (4%); влакна 6гр. (24%).
Начин на подготовка:
Сварете ја пченката додека не омекне. Во меѓувреме подгответе го преливот за салатата. Во мал сад додајте го маслиновото масло, оцетот, сокот од зелениот лимон, сенфот, шеќерот и биберот и посолете по желба. Убаво промешајте. Исецкајте го кромидот, авокадото и пиперката. Во голем сад ставете ја сварената пченка, додајте го зеленчукот и прелијте одозгора со претходно подготвениот прелив.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.