Потребни состојки:
- 150гр. киноа;
- црвена пиперка;
- жолта пиперка;
- 1 црвен кромид;
- 1 лажица кари;
- свеж коријандер;
- сок од зелен лимон;
- 100гр. ореви;
- 2 моркова;
- сушени боровинки;
- сол и бибер.
Потребно време за подготовка на ова јадење е 40 минути.
Нутритивна вредност: калории 240; натриум 20мг. (1%); масти 6гр. (9%); протеини 8гр. (16%); јаглехидрати 41гр. (14%); влакна 6гр. (24%).
Начин на подготовка:
Киноата се вари во сад на оган околу 20 минути. Во меѓувреме се сецкаат пиперките, кромидот, свежиот коријандер, оревите и морковите. Кога киноата ќе биде готова, се цеди од водата во која се варела и се додава во исецканиот зеленчук. Се додаваат сушените боровинки, карито и се додава сокот од зелениот лимон. Салатата убаво да промешува и се зачинува по желба.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.