Потребни состојки:
- ½ црвен кромид;
- 1 зелена пиперка;
- сок од лимон;
- 1 лажичка кумин;
- 1 ½ лажица балсамико оцет;
- свеж коријандер;
- 60мл. маслиново масло;
- 200гр. наут;
- 250гр. бел грав;
- 190гр. црвен грав.
Потребно време за подготовка на ова јадење е 55 минути.
Нутритивна вредност: калории 150; натриум 170мг. (7%); масти 8гр. (12%); протеини 5гр. (10%); јаглехидрати 17гр. (6%); влакна 3гр. (12%).
Начин на подготовка:
Сварете ги белиот и црвениот грав и наутот. Кога ќе бидат готови исцедете ги од водата и оставете ги да се оладат. Во сад ставете ги исецканиот кромид, пиперка и коријандер. Додајте ги гравот и наутот. Додајте една лажичка кумин, маслиново масло, оцет и сок од еден лимон. Убаво промешајте и послужете.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.