Што е страв и зошто е толку парализирачка емоција? Еве една животно-трансформирачка статија од Садгуру – јоги и мистик, каде тој гледа како да се надмине стравот и да се доживее животот во целост.
Што е страв?
Садгуру: Стравот е едноставно присутен затоа што не го живеете животот, туку живеете во вашиот ум. Вашиот страв е секогаш за тоа што ќе се случи следно. Тоа значи дека вашиот страв е секогаш поврзан со она што не постои. Ако вашиот страв е за нешто непостоечко, тогаш истиот е стопроцентно имагинарен. Ако страдате од нешто што не постои, тоа го нарекуваме лудило. Значи, луѓето може да бидат во општествено прифатени нивоа на лудило, но ако се плашите или ако страдате од нешто што не постои, тоа се поистоветува со лудило, нели?
Што предизвикува страв?
Луѓето секогаш страдаат од она што се случило вчера или од она што може да се случи утре. Значи, вашето страдање е секогаш поврзано со она што не постои, едноставно затоа што не сте вкоренети во реалноста, секогаш сте вкоренети во вашиот ум. Умот е – еден дел меморија, друг дел е имагинација. Двете се на еден начин имагинација, бидејќи и двете не постојат во моментов. Вие сте изгубени во вашата фантазија, тоа е основата на вашиот страв. Ако сте вкоренети во реалноста, нема да има страв.
Она што го прави стравот е поставување граници околу вас. Тој е причината поради која цело време градите граници. Ако поставите граници и ја ограничите областа на вашиот живот, можеби сте безбедни, но проблемот е што сте безбедни дури и од животот. Вие сте заштитени од самиот живот. Тоа е вистинска заштита!
Негативните ефекти на стравот
Мора да одлучите дали сте дојдени овде за да го искусите животот или да го избегнете. Ако сте дошле за да го искусите животот, едно нешто што е потребно е интензитет. Ако немате интензитет, ќе го искусувате животот на оскуден начин. Моментот кога го користите стравот како алатка за да се заштитите, вашиот интензитет се намалува. Штом ќе се намали, вашата способност да го искусите животот исчезнува. Станувате психолошки случај. Она што се случува во вашиот ум ќе биде сѐ што постои за вас. Никогаш нема да доживеете нешто фантастично и екстатично бидејќи кога сте плашливи нема да имате чувство на предаденост. Не можете да пеете, не можете да танцувате, не можете да се смеете, не можете да плачете, не можете да правите ништо што е живот. Вие само може да седите тука и да тагувате за животот и сите негови ризици.
Ако погледнете внимателно, за што е стравот? Вашиот страв никогаш не е за тоа што се случило. Секогаш станува збор за тоа што може да се случи. Секогаш станува збор за иднината. Иднината допрва ќе се случи. Таа сè уште се нема случено. Тоа значи не е во постоењето. Значи, да се биде плашлив значи дека страдате од она што не постои. Ако страдате од она што не постои, треба да ве наречеме разумен или луд? Вашата единствена утеха е „сите се како мене“. Го имате мнозинството со вас! Но, сепак тоа не значи дека е правилно бидејќи страдате од она што не постои.
Како да се надмине стравот
Стравот не е производ на животот. Стравот е производ на халуцинаторски ум. Страдате од она што не постои затоа што сте вкоренети не во реалноста, туку во вашиот ум кој постојано се храни од минатото и проектира во иднината. Вие всушност не знаете ништо за иднината. Вие само земате парче од минатото, нанесувате шминка и мислите дека е иднина.
Можете да го испланирате вашето утре, но не можете да живеете во вашето утре. Но, во моментов луѓето живеат во утре и затоа постои страв. Единственото нешто што можете да направите во врска со ова е, да се спуштите во реалноста. Ако само одговорите на она што е во моментов и не замислувате нешто што не постои, нема место за страв. Штом ќе престане халуцинацијата, каде е стравот? Вие нема да замислите нешто што не постои, ќе одговорите на она што постои сега.
Ве молам, погледнете и видете, што по ѓаволите може да се случи сепак? Најмногу ќе умреш, ништо повеќе. Барем живејте пред да умрете бидејќи како и да е ќе умрете. Не го посакуваме тоа самите на себе. Планираме да живееме многу години, но сепак може да се случи, нели? Со животот навистина нема безбедност. Прашање е само колку благодатно и со колку слобода сте го живееле овој живот. Ако сте живееле, ќе вреди да умрете. Инаку животот ќе биде каење, смртта ќе биде каење.
Нешто повеќе за Садгуру
Садгуру е јогин, мистик, визионер и автор на бестселер според New York Times. Преведена е и на македонски е и најкупувана книга во Македонија за месец декември и јануари. Именуван е како еден од 50те највлијателни личности во Индија. Неговата работа има допрено до животите на милиони луѓе низ светот преку неговите трансформативни програми. Неговиот пристап не припаѓа на ниеден систем на верување туку нуди моќни и докажани методи на себе-трансформација. Неговата водечка програма Inner Engineering Online е моментално бесплатна за сите здравствени работници.
Што е Inner Engineering?
“Inner Engineering” е технологија за благосостојба која потекнува од науката за Јога. Се нуди како сеопфатен курс за личен развој кој го менува начинот на кој што го перцепирате и искусувате вашиот живот, вашата работа, и светот во кој што живеете. Целта на програмата е да ве поттикне да го истражите вашиот највисок потенцијал преку моќни процеси на себе-трансформација, дестилирана суштина на класичната јога, медитации за адресирање на клучни аспекти од животот, и пристап до тајните на древните мудрости.