*Во овој блог, Садгуру објаснува како отфрлањето на товарот од минатото за да се премине во сегашниот момент како сосем свеж живот е значаен чекор кон внатрешна слобода. Тој ја раскажува приказната за мудрецот Вјаса и неговиот син Сука за да илустрира дека само човек што не го носи минатото е навистина безгрешен.
Отфрлање на товарот од минатото
Само онаа личност која не го носи претходниот момент во овој момент, е ослободена од сè. Колку повеќе важност и даваме на нашата личност, толку повеќе се оковуваме себеси за влијанието на минатото. Садгуру ни кажува дека доколку можеме да го оставиме овој товар настрана, можеме да поминеме низ животот и смртта без напор.
Садгуру: Во моментов, што и да нарекувате како „себеси” е само одреден тип на информација што ја имате собрано во вашиот ум. Кога велите: „Јас сум добра личност“, „јас сум лоша личност“, „јас сум горд/а“, „јас сум кроток/а“ или што и да е, ова се едноставно одредени акумулации на умот. Со други зборови, ова е акумулација од минатото – вие едноставно живеете преку своето минато. Ако минатото се одземе,повеќето луѓе се изгубени. Сè зависи од минатото за нив. Личноста припаѓа на минатото. Се додека личноста е важна, тоа едноставно значи дека претходниот момент владее со сè. Сегашниот момент повеќе не е важен.
Личноста што ја носите е мртва работа. Не можете да одите многу далеку кога носите мртво тело преку рамена. И можете да се упатите само кон гробиштата. Ако носите мртво тело премногу долго, ќе мора да се носите и со ужасни миризби. Колку е посилна вашата личност, толку е повеќе миризлива.
Оставање на минатото зад себе
Ќе можете да стигнете далеку во животот само кога ќе можете да го оставите минатото. Ова е како змијата кога си ја менува својата кожа. Еден момент таа е дел од телото, следниот момент е излупена и змијата продолжува без да погледне назад. Ако секој момент некој е како змија која ја остава кожата зад себе, тогаш тој ќе има раст. Кога човек не го носи товарот од минатото, тој е навистина безгрешен. Да се биде безгрешен не значи дека тој не направил ништо со својот живот. Тоа би значело да се биде мртов човек. Тој направил сè што човек може да направи за да го запознае животот, но неговите постапки никогаш не оставиле трага, ниту пак изградил личност од постапките што ги извршил.
Само онаа личност која не го носи претходниот момент во овој момент, е ослободена од сè.
Дали сте слушнале за Сука? Тој бил син на Вјаса. Сука бил чисто битие, навистина безгрешно битие. Постоела одредена случка во неговиот живот.. Еден ден, тој се шетал сам во шумата, гол. Како што пешачел од едната страна имало езеро каде се капеле неколку нимфи. Бидејќи биле сами во шумата, сите жени се капеле голи и си играле во водата.
Сука поминал до езерото, само ги погледнал и заминал. Жените не се засрамиле, ниту пробале да се сокријат. Тие само си продолжиле со својата игра. Сука заминал.
Додека го барал Сука, неговиот татко Вјаса дошол после него. Имал над седумдесет години, бил старец како и голем светец. И тој исто така дошол покрај езерото барајќи го Сука.
Кога го виделе жените, веднаш истрчале по својата облека. Вјаса ги прашал: „Јас сум стар човек и сум облечен пристојно. Додека мојот син е млад и згора на тоа гол. Кога дојде близу вас, вие не се вознемиривте, но кога јас дојдов, вие одеднаш го сменивте вашето однесување. Зошто? ” Тие одговориле: „Тој нема никаква сексуална идентификација. Ние не почувствувавме ништо. Тој е исто како дете “.
Само онаа личност која не го носи претходниот момент во овој момент, е ослободена од сè. И тој карактеристика ќе биде почувствувана насекаде. Само по неколку моменти откако ќе ве сретнат, луѓето ќе ви веруваат до степен до кој не би им верувале ни на своите родители, сопрузи или сопруги, едноставно затоа што не го носите со себе товарот од минатото.
Ослободете се од миризбата!
Ако го носите минатото со себе, тогаш и вие мирисате како и секој друг. Целиот свет смрди на личности. Секој има свој силна миризба или личност. Ова се различните смрдеи во светот, и тие постојано се судираат. Целиот ваш гнев, омраза, љубомора, страв – сè е базирано на минатото. Во моментот кога ги носиш минатото и иднината, стануваш вистински задник, бидејќи товарот е токму таков. Не постои начин некој да го живее својот живот интелигентно, носејќи го тој товар.
Кога некој не го носи овој мирис, може да го премине ова постоење. Овој човек го минува океанот на самсара без никаков напор. Она што за некој друг, изгледа како голем напор за оваа човек ќе се случува без никаков напор. Човек не само што ќе помине низ овој свет без напор, туку ќе помине низ самиот процес на живот и смрт без напор.
Садгуру е јогин, мистик, визионер и автор на бестселер според New York Times. Книгата бестселер “Внатрешен инженеринг” е преведена и на македонски јазик и е најкупувана книга во Македонија за месец декември и јануари. Садгуру е именуван како еден од 50те највлијателни личности во Индија. Неговата работа има допрено до животите на милиони луѓе низ светот преку неговите трансформативни програми за внатрешна благосостојба и мир. Неговиот пристап не припаѓа на ниеден систем на верување туку нуди моќни и докажани методи на себе-трансформација. Дневно го следат 8 милиони претплатници на Youtube и FB, 5 милиони на Instagram и 3 милиони на Twitter.