Садгуру одговара на прашање за зголемената појава на ментални заболувања низ целиот свет и објаснува дека ова се случува бидејќи ги тргаме сите потпори што биле воспоставени за луѓето да останат психолошки здрави.
П: Прашањата за менталното здравје како депресијата и анксиозноста се чини дека сега се во полн ек во многу делови на светот вклучувајќи ја и Индија. Какво е вашето мислење за ова?
Садгуру: Да се биде ментално болен не е шега. Тоа е најболната работа. Ако имате физички заболувања, ќе добиете сочувство од сите, но кога имате ментално заболување, за жал ќе добиете исмејување. Ова е затоа што е многу тешко да се направи дистинкција кога некој е болен и кога некој е глупав. Ова е најголемиот проблем за оние кои имаат некој во семејството со ментално нарушување. Не знаете кога измислуваат, а кога навистина страдаат. Не знаете кога треба да бидете сочувствителни, а кога да бидете строги кон нив.
Човечкиот разум е многу кревка работа. Границата помеѓу разумноста и лудилото е тенка.Ако ja туркате секој ден, некој ден ќе ja преминете. Кога ќе се налутите, која фраза се користи? „Јас сум лут на тебе” или „Јас сум лут во моментов”. Може да уживате малку во лудилото на лутината – сте ја преминале границата и чувствувате некаква слобода и моќ. Но, еден ден кога не можете да се вратите назад, тогаш започнува страдањето. Тоа не е како физичка болка – тоа е огромно страдање. Сум бил околу луѓе кои биле ментално болни, обидувајќи се да им помогнам. Никој не треба да поминува низ тоа. Но, за жал станува епидемија во светот.
Зошто менталните болести се во пораст?
Се случува во големи размери во западните општества. Индија нема да заостане многу. Особено урбаните општества во Индија ќе се движат во оваа насока, бидејќи на многу начини, урбаната Индија е повеќе “западна” отколку западот. Тука има повеќе луѓе кои носат тексас отколку во Америка!
Менталните болести растат како никогаш до сега, бидејќи ги тргаме сите потпори што ги имаат луѓето, но не ги заменуваме со ништо. Ако луѓето станат толку свесни и способни во себе, се ќе биде во ред дури и ако ги тргнете сите потпори. Но, без да се даде таа компетентност, ако само ги тргнете потпорите, луѓето ќе попуштат.
„Семејствата биле една група на луѓе кои служеле како заштитна мрежа за циркусот што сте го правеле. На кој начин и да си паднел, имало некој да те задржи некое време“.
Долго време, сме се потпирале на неколку работи за нашата ментална и емоционална стабилност. Но, сега, сите овие работи ги снемува. Едно од овие работи е семејството. Семејството ни дава одредена поддршка – без разлика што и да се случувало секогаш имало некој со тебе. Сите други се со вас кога ги правите вистинските работи. Ако правите погрешни работи, тие ќе се дистанцираат.
Семејствата биле една група на луѓе кои служеле како заштитна мрежа за циркусот што сте го правеле. На кој начин и да си паднел, имало некој да те задржи некое време. Но, во последно време таа мрежа ја нема за многу луѓе. Сега, кога паѓаш, паѓаш. Поради тоа, луѓето се кршат.
Во индиската култура, постоело време во традицијата кога триесет проценти од населението биле монаси. Свесно, тие избирале да живеат без семејство, да живеат без поддршка, да живеат без дом – бездомништво не поради лишување, туку по избор. Никој од нив немал депресија затоа што ја надминале потребата за мрежа.
Ако си научил/а да ја изведуваш твојата гимнастичка точка навистина добро, можеш да ја направиш и без мрежа. Но, ако не си добар/добра во тоа, подобро да имаш мрежа, инаку ќе си ја искршиш главата. Тоа е се што се случува. Го тргаме традиционалниот систем за поддршка што го имавме.
Друг аспект е религијата. Религијата се справувала со човечката психолошка рамнотежа без напор. „Господ е со тебе, не грижи се“. Ова успокоило многу луѓе. Не ја потценувајте вредноста на тоа. Денес, луѓето се обидуваат да одат на психијатри. Индија нема доволно психијатри за 1,3 милијарди луѓе. Ниту една земја нема доволно. И пред се, тие се многу неефикасни затоа што можат да опслужат само еден клиент истовремено, и им треба многу мебел! Со сета почит, ние мора да го признаеме овој аспект на религијата. Тоа е многу ефтина масовна психијатрија.
П: Тоа е дефинитивно криза што нe мачи и некои бараат помош. Понекогаш, дијагнозата е хемиска нерамнотежа и се даваат лекови. Зборувавте за наоѓање на таа пријатност однатре. Како може тоа да помогне во вакви ситуации?
Оркестарот на хемијата
Садгуру: Човечката пријатност може да се разгледува на многу различни начини. Еден едноставен начин на гледање е дека секое човечко искуство има хемиска основа. Она што го нарекуваш мир, радост, љубов, немир, спокојство, агонија, екстатичност – сè има хемиска основа. Дури и доброто и лошото здравје имаат хемиска основа. Работата на лекарот е да се обиде да управува со оркестарот од хемијата. Денес, целата фармакологија е само обид да управувате со вашето здравје со употреба на хемикалии.
Дури и менталната болест во голема мера се управува со внес на хемикалии однадвор. Но, сите хемикалии на оваа планета на кои можеш да помислиш се на некој начин веќе присутни во ова тело.
Јога за ментално здравје
Во суштина, здравје значи едно ниво на пријатност. Ако твоето тело стане пријатно, тоа го нарекуваме здравје. Ако стане многу пријатно, тоа го нарекуваме задоволство. Ако твојот ум стане пријатен, тоа го нарекуваме мир. Ако стане многу пријатен, тоа го нарекуваме радост. Ако твоите емоции станат пријатни, тоа го нарекуваме љубов. Ако станат многу пријатни, тоа го нарекуваме сочувство. Ако твојата енергија стане пријатна, тоа го нарекуваме блаженство. Ако стане многу пријатна, тоа го нарекуваме екстаза. Ако вашата околина стане пријатна, ова го нарекуваме успех.
„Јогата ви дава пристап до самиот извор на создавањето што пулсира во вас. Има интелигенција во вас што може да трансформира зрно ориз или банана или парче леб во човечко битие“.
Се обидуваме да управуваме со пријатноста преку користење хемикалии. Во Соединетите Држави се вели дека седумдесет проценти од населението е на некаков виде лекарства. Во најбогатата земја, каде што има огромен избор на нега и начин на живот, седумдесет проценти се на лекарства. Се обидуваш да управуваш со твојата психичка состојба и здравје преку внес на хемикалии однадвор.
Човечкото тело е многу сложена хемиска фабрика. Многу е тешко да се управува со него однадвор. Може да управувате со него однатре, но мора да имате пристап до вашата внатрешност! Јогата ви дава пристап до самиот извор на создавањето што пулсира во вас. Има интелигенција во вас што може да трансформира зрно ориз или банана или парче леб во човечко битие. Со парче леб, го произведувате најсложениот механизам на планетата. Ако дури и капка од оваа интелигенција влезе во вашиот секојдневен живот, ќе живеете магично, а не мизерно.
Она од што луѓето страдаат е само нивната психолошка драма. Тоа е твоја драма, но многу лошо режирана драма. Ако страдаш, мора да страдаат и сите околу тебе. Ако твојата драма е лошо режирана, само ти можеш да ја направиш пријатна. Она што се случува во твојот ум е само твоја драма. Ти само треба да станеш подобар режисер, така што твојата драма ќе се случи на твојначин. Светската драма можеби нема да се случи на твој начин, бидејќи е поголема од тебе, но барем она што се случува во твојата глава мора да се случи на твој начин. Време е да преземеме одговорност за тоа.
Како што можете да ја конструирате надворешноста, исто така можете да ја конструирате и вашата внатрешност. Како што постои наука и технологија за создавање надворешен комфор и удобност, постои цела наука и технологија за создавање внатрешна благосостојба. Постои начин да ја конструирате вашата внатрешност. Постојат соодветни научни чекори за тоа како можеш да ја промениш основната хемија за тоа кој/а си и да создадеш хемија на блаженство. Откако ќе создадеш хемија на блаженство, ти си блажен/а по сопствената природа, а не поради нешто друго. Ова го нудиме ние како “Inner Engineering”.
Inner Engineering Online може да ти помогне да излезеш од депресија и ансиозност
Научници од University of Indiana, Beth Israel Deaconess Medical Center, Rutgers и Florida Universities направија сеопфатна студија, која покажа дека со само 90 дена практика на Inner Engineering, нивото на ноотропичниот фактор произлезен од мозокот (BDNF) се зголемува за 300%. Воспоставен е фактот дека ако BDNF е на намалено ниво, тоа доведува до ансиозност, депресија, Алцхајмерова болест, емоционална исцрпеност и преморување. Така, со Inner Engineering, луѓето можат да излезат од своите депресивни режими и анксиозни ситуации.
Процесот Inner Engineering сам по себе вклучува тело, ум, емоции и енергија. Она што треба да го направиме со телото и енергијата, ќе треба да го направиме директно затоа што тоа е пренос, а не учење. Но, она што го правиме со умот и емоциите е еден вид учење Тоа може да го доживеете преку интернет.
„..со само 90 дена практика на Inner Engineering, нивото на невротрофичен фактор произлезен од мозокот (BDNF) се зголемува за 300%“.
За повеќето човечки суштества, ако се промени начинот на кој размислуваат и се чувствуваат, ќе видите дека има огромна промена во нивниот живот. Ако можете да мислите на она што го сакате, а не компулсивно за нешто друго, природно би биле блажени. Ако во моментов можете да ги задржите вашите емоции многу пријатни, вашиот дом би бил навистина пријатен. Сите психолошки и емоционални придобивки што природно се претвораат во социјално однесување се присутни во Inner Engineering Online.
Повеќето човечки битиа мислат дека ова е конечна трансформација. Ако некој може да размислува и да се чувствува поинаку и стане пријатно човечко суштество, луѓето обично почнуваат да велат: „Тој е духовна личност, тој е толку прекрасен“. Не, тој е само нормално човечко битие, другите се уште се развиваат! Ако човечко битие е свесно, тој свесно мисли на тоа што сака наместо да размислува компулсивно, и природно ги одржува своите емоции на начин како што он/а сака.
Ова значи да си само едно човечко битие, не значи дека тој/таа постигнал нешто. Тој/таа е само човек. За оние кои не можат да размислуваат, ниту и да се чувствуваат онака како што сакаат, тоа е еволутивен проблем. Овој еволутивен проблем може да се реши со програмата Inner Engineering Online.
“Inner Engineering е технологија за благосостојба која потекнува од науката за Јога. Се нуди како сеопфатен курс за личен развој кој го менува начинот на кој што го перцепирате и искусувате вашиот живот, вашата работа, и светот во кој што живеете. Целта на програмата е да ве поттикне да го истражите вашиот највисок потенцијал преку моќни процеси на себе-трансформација, дестилирана суштина на класичната јога, медитации за адресирање на клучни аспекти од животот, и пристап до тајните на древните мудрости.
Inner Engineering нуди единствена можност за самоистражување и трансформација што води кон исполнет и среќен живот.”
Програмата може да ја најдете на следниов линк: http://ishaeu.org/omnia, каде што има дополнителни информации во врска со целиот курс.