Садгуру ја разгледува улогата на здивот, позната во јогата како коорма нади, и објаснува дека тaa е повеќе одколку обична размена на јаглерод диоксид и кислород.
Садгуру: Здивот не е само размена на јаглерод диоксид и кислород. Во различните нивоа на размислување и чувствување низ кои поминуваш, здивот зазема различни образци. Кога си лут/а, мирен/на, среќен/на или тажен/на, твојот здив зазема различни обрасци. На начинот на којшто дишеш, така и размислуваш. Начинот на којшто размислуваш, е и начинот и на којшто дишеш.
Здивот може да се користи како алатка за правење многу работи со телото и умот. Пранајам е наука во која преку свесно дишење на одреден начин, начинот на кој размислуваш, чувствуваш, рабираш и го доживуваш животот, може да се промени.
„Ако патуваш низ здивот, длабоко во себе, до најдлабокото јадро на здивот, ќе те одведе до точката каде што всушност си врзан за телото“.
Ако те замолам да го набљудуваш твојот здив, што е највообичаената практика која луѓето ја прават во денешно време. Ти мислиш дека го набљудуваш здивот, но всушност само ги забележуваш сензациите предизвикани од движењето на воздухот. Тоа е како, ако некој ти ја допре раката мислиш дека го чувствуваш допирот на другата личност, но всушност ги чувствуваш само сензациите кои се случуваат во твоето тело. Ти не го знаеш допирот на другата личност.
Здивот е како Божествена рака. Не го чувствуваш. Тоа не се сензации предизвикани од воздухот. Тој здив што не го доживуваш се нарекува Коорма Нади. Тоа е нишка што те врзува со ова тело – непрекината нишка што продолжува и продолжува. Ако ти го одземам здивот, ти и твоето тело ќе се одделите бидејќи битието и телото се врзани со Коорма Нади. Ова е голема измама. Има две, но се преправаат дека се едно. Тоа е како брак – тие се двајца, но кога излегуваат се преправаат дека се едно. Тука има двајца, телото и битието, дваjцa дијаметрално спротивни, но се преправаат дека се едно.
Ако патуваш низ здивот, длабоко во себе до најдлабокото јадро на здивот, ќе те однесе до таа точка каде што всушност си врзан за телото. Откако ќе дознаеш каде и како си врзан, можеш да се одврзеш по желба. Свесно, можеш лесно да го отфрлиш телото, исто како што би ја отфрлил облеката од себе. Кога знаеш каде е закачена твојата облека за тебе, лесно е да ја откачиш. Кога не знаеш каде е закачена, на кој и да било начин да влечеш, не се откачува. Мора да ја откинеш. Слично на тоа, ако не знаеш каде твоето тело е врзано за тебе, а сакаш да го испуштиш, мора да го оштетиш или да го искршиш на некој начин. Но, ако знаеш каде е врзано, можеш многу јасно да го држиш на далечина. Кога сакаш да го отпуштиш, можеш свесно само да го отпуштиш. Животот тогаш станува многу поинаков.
Кога некој намерно целосно ќе го отфрли телото, ние велиме дека ова е Махасамади. Ова е она што генерално се нарекува мукти, или крајно ослободување. Тоа е одлично чувство на рамнотежа каде нема разлика помеѓу она што е внатре во телото и она што е надвор од телото. Играта е разоткриена!
Ова е нешто по кое копнее секој јогин. Свесно или не, секое човечко суштество се стреми кон тоа – да се проширува и ова е крајната експанзија. Едноставно, ти одиш кон бесконечноста на рати. Тоа е многу долг и невозможен процес. Ако броиш – 1, 2, 3, 4 – ќе станеш само бесконечно броење. Никогаш нема да стигнеш до бесконечноста. Кога ќе се сфати залудноста на ова, ти природно се вртиш кон внатре за да го сториш тоа – со одврзување на животниот процес од телото.
Во контекст на текстот сакаме да ви ја препорачаме јогиската практика Нади Шути.
Нади Шути е 5 минутна водена дневна јога практика за зголемување на позитивната енергија.
Таа го балансира вашиот енергетски систем, го смирува вашиот ум и ја подобрува способноста за ефикасно дејствување.
Практиката е благопријатна за почетници и може да се изведува било каде: во вашиот дом, во канцеларија, во парк.За да ја искусите само следете ги инструкциите на ова видео.