Што е релаксирање на умот? Во најчеста терминологија, релаксација значи одлободување од напнатоста. Релаксиран ум, може да значи дека истиот не е под стрес или активен. Во денешното „брзо“ време ова изгледа тешко. Повеќето од нас веруваат дека се под стрест поголемиот дел од неделата и се релаксираат само за време на викендите. Ова се смета за вообичаен начин на живот. Дали е ова вистинскиот начин на живеење?
Зошто сме под стрес?
Ако прашате некој, зошто тој/таа е под стрес поголемиот дел од неделата каков одговор очекувате да добиете? „Имам многу обврски, состанови и задачи кои треба да ги завршам.“ Дали мислите дека ваков би бил одговорот?
Ајде да видиме зошто повеќето од нас се под стрес повеќето од времето. Во некој период од животот, додека ги „бркаме“ соништата, ја губиме навиката да седнеме и да размислиме. Почнуваме да даваме автоматски одговори. Ако сме заглавени во сообраќаен метеж, ние инстантно се нервираме или го обвинуваме системот или имаме некоја слична негативна мисла. Но малкумина од нас велат – „Добро. Овој момент можам да го искористам за да се опуштам или да слушам некоја добра песна. Да го искористам ова време да се релаксирам и да уживам во животот“. Ние реагираме стресно скоро секогаш кога ќе наидеме на слична ситуација. Оваа навика е има големо влијание врз квалитетот на нашиот живот.
Стресот како начин на живот
Ние го прифаќаме стресот како начин на живот. Малкумина размислуваат зошто работат со толку бурно темпо. Која е целта на многу работење ако ја убиваме целата радост. Во потрага по подобро утре, ја убиваме сегашноста.
Стресна работна околина, стресен семеен живот, немање време за кратка прошетка во природа. Зошто? Како да сакаме да постигнеме што повеќе во пократок временски период и затоа немаме време да се опуштиме. Нон-стоп работење во текот на целата недела е „нормален“ начин на живот за поголемиот дел од луѓето. Зголемување на бројот на лица кои имаат срцеви удари, депресија и слично се резултат од овој животен стил.
Зошто да не водиме опуштен живот преку целата недела? Зошто да не работиме со опуштен mindset? Зошто да сме под стрес? Размислувањето за сопствениот живот е од суштинско значење ако сакаме да го вратиме нашето право да живееме мирно.
Дали за релаксирање на умот ќе помогне ако на позадините на нашите компјутери поставиме некоја убава слика од природа? Некоја пепертука како лета на нашите екрани? Убавината на шарениот цвет. Кратка прошетка до најблискиот парк? Ако одговорот е да, направете ги овие работи. Прашувајте се за убавината на природата, размисувајте за нејзиното совршенство и само опуштете се.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.