Close Menu
Омниа
    Facebook X (Twitter) Instagram
    петок, мај 16
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    • Јога
    • Здравје
    • Личен развој
    • Духовност
    • Авантури и природа
    • Глобална свесност
    • Рецепти
    • Астрологија
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    Home»Личен развој»Разберете ги вашите емоции
    Личен развој

    Разберете ги вашите емоции

    omnia.mkBy omnia.mk09/07/2019Updated:25/01/2023Нема коментари4 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    емоции
    Share
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Нашите емоции се движат помеѓу радост и очај и сè измеѓу. Ние можеме да гледаме на емоциите како случајни и неконтролирани, но тие претставуваат неверојатно усогласен систем на насоки кои ни даваат значајни податоци доколку ги анализираме нивните извори. Едноставно, со доведување на свесноста на она што се случува кога ќе се појават емоциите, ние повеќе не сме контролирани од нив.

    Нашите емоции се едни од најважните „алатки“ што ги имаме за создавање на исполнет живот – тоа се случува само кога знаеме како да ги користиме. Нема да биде погрешно доколку се каже дека повеќето од нас ги избегнуваат негативните емоции по секоја цена. Ние до крајност ги разработуваме техниките на избегнување за да не се чувствуваме „лошо“ на било кој начин и за ништо. Но, со тоа пропуштаме многу можности. Нашите чувства, дури и оние „лошите“ и непријатните се тука само да ни помогнат. Истото важи и за позитивните емоции. Како огромен круг на повратни информации нашето тело и душа комуницираат со нас преку широк спектар на емоции.

    Анализа на емоциите

    На пример, кога се чувствуваме несреќни е индикација дека нешто треба да промениме, додека чувствата на радост и среќа укажуваат на тоа дека сме на вистинскиот пат. Анализирајќи ги емоциите од оваа перспектива се преместуваме во повластена позиција. Преку објективот на евалуација ние ги проверуваме емоциите, но не се идентификуваме со нив. Преку оваа перспектива повеќе не сме на милост на она чувство што ќе се појави, туку работиме заедно со нашето емотивно тело, мошне свесни за внатрешните и надворешните фактори кои придонесуваат за емоционалната состојба.

    Во текот на денот забележете какви ви се емоциите. Кои мисли или акции претходат на позитивни чувства? Спротивно на тоа, што се случувало кога ќе се појават негативни емоции? Емоциите можат да бидат многу моќни, па доколку е потребно почекајте некое време и повторно анализирајте. Нема правилен или погрешен одговор, тоа е само истражување.

    Така почнуваме да ги користиме нашите емоции како податоци. На тој начин можеме да бараме шаблони во нашето однесување. Може да видиме кога сме во баланс, а кога треба да се направат некои промени. Целта не е да се елиминираат лошите емоции, што всушност е и невозможно, туку да видиме каде и како го трошиме нашето време и енергија и да донесеме повеќе среќа во нашите животи.

    Недоразбирање со некој близок, или на работното место може да не однесе од радост до фрустрација во еден момент, уништувајќи го нашиот мир и перспектива. Ние сме луѓе и секогаш ќе доживуваме широк спектар на човечки емоции. Во тешки ситуации ние сеуште ќе чувствуваме моќни емоции, но моменталното повлекување и проценката на нашата емоционална состојба ни дава можност да одбереме нова перспектива и да преземеме позитивна акција.

    Што да направиме?

    Започнете секојдневно по неколку минути вниманието да го насочите на емоциите и на тоа како се чувствувате. Забележете како го трошите вашето време и со кого го трошите и како околината влијае на вашето расположение. Кои шаблони се издвојуваат? Кои односи ви даваат енергија и ве прават среќни? Кои ве исцрпуваат? Како се чувствувате после секоја активност во вашиот ден?  Започнете со водење дневник за да можете да ги забележите шаблоните на емоции. Направете го ова барем една недела и проучете ги податоците.

    Наместо навидум случајни чувства, емоциите стануваат индиции кои ни помагаат во нашиот раст. Кога почнуваме да ги гледаме нашите емоции како податоци што се, ние го градиме патот на доживотно пријателство со нашите чувства.

    УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
    Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

    емоции личен развој спиритуалност чувства
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Previous ArticleОриз со црвен грав
    Next Article „Правила“ за стабилна врска
    omnia.mk

    Related Posts

    Телото како сведок на сè што премолчуваме

    02/05/2025

    Кога звукот лекува – разговор со звукотерапевт, Ива Зафировска

    25/04/2025

    Дали сме научени да се задоволуваме со премалку?

    21/04/2025

    Comments are closed.

    Омниа.мк
    info@omnia.mk
    контакт телефон +389210180
    Copyright © 2023 Omnia.mk

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.