Потребни состојки за салатата од прокељ со ореви и брусница:
- 700гр. прокељ;
- 3 лажици маслиново масло;
- сол и бибер;
- 150 гр. ореви;
- 20гр. сува брусница;
- 1 лажица балсамико.
Потребно време за подготовка на ова јадење е 35 минути.
Нутритивна вредност: калории 290; натриум 120мг. (5%); масти 29гр. (45%); протеини 3гр. (6%); јаглехидрати 8гр. (3%); влакна 3гр. (12%).
Начин на подготовка:
Исчистете го прокељот и исечете ги на половина. Загрејте ја рерната на 200⁰C. Во сад ставете го прокељот, додајте маслиново масло, сол и бибер и убаво промешајте. Ставете го прокељот во тава за печење и печете 20 до 30 минути на 200⁰C или додека убаво не порумени.
Кога ќе биде готови, во сад додајте ги оревите и сувата брусница и 1 лажица балсамико оцет. Убаво промешајте и послужете.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.