Пробиотици – додаток кој можеме да го најдеме во повеќето продавници за здрава храна или во одредени ферментирани намирници како јогурт, кефир, мисо итн. – стануваат сè попопуларни. Многумина зборуваат за безбројните придобивки од земањето пробиотици и нивното влијание врз нашиот дигестивен систем и здравјето.
Што се пробиотици?
Терминот пробиотик вклучува два коренски збора: про и биотик. Про на латински значи „за“, а биотик е грчки за „живот“. Во многу буквален превод, пробиотик значи „да се даде живот“.
Образложението е дека пробиотиците се всушност живи организми, особено живи бактерии и квасци. Повеќето од нас кога ќе помислат на бактерии, мислат на штетните, но на нашите тела всушност им се потребни „добри“ бактерии за оптимално функционирање. Пробиотиците можат да помогнат во обезбедување на истите.
Овие живи бактерии се неопходни за варење на храната. Тие помагаат да се испрати храна низ нашите црева и со тоа влијаат на нервите кои го контролираат движењето на цревата. Варењето е постојан процес, а уште повеќе ако јадеме цел ден. Здравите црева неизмерно го помагаат дигестивниот процес.
Цревната флора се јавува природно во нашите тела. Но, сепак, одредени работи што ги јадеме, дури и лекови што ги внесуваме може да ги намалат добрите бактерии. Во 1907 година, рускиот научник Ели Мечникоф ја презентирал идејата дека цревната флора може да се модифицира. Така започнал развојот на пробиотиците.
Важноста на здравиот дигестивен систем
Здравјето на гастроинтестиналниот тракт е имеративно за целосната благосостојба на човекот. Ајурведскта медицина, која е меѓу најстарите холистички системи за лекување, ја потенцира критичната улога на варењето на храната и важноста за целото тело.
Модерната наука го потврдува истото. Некои во современата научна заедница всушност го нарекуваат системот за варење како „втор мозок“ на телото. Гастроинтестиналниот тракт – кој ги вклучува устата, хранопроводникот, желудникот, тенкото црево, дебелото црево и анусот – е маса на нервно ткиво, исполнето со важни невротрансмитери кои комуницираат со нашите тела. Всушност, овој тракт содржи околу 100 милиони неврони, што е повеќе отколку што има во ‘рбетниот мозок.
Големината на овој тракт – кој од еден до друг крај е долг околу девет метри – ни дава индикација за сложеноста на дигестивниот процес. Постојат неколку дигестивни болести кои можат да бидат прилично болни и бараат од нас да го промениме начин на живот за да се справиме со нив.
Вообичаените дигестивни проблеми вклучуваат металоиди, нервозни црева, дивертикулитис, панкреатитис, гастритис, чиреви и многу повеќе. Симптомите може да вклучуваат грчеви, запек, болка, гасови, надуеност и дијареа.
Оние кои страдаат од дигестивни проблеми имаат соодветен план за лекување, заедно со потребните промени во исхраната, препишан од лекар. Секако, консумирањето на пробиотици може значително да помогне во подобрувањето на здравјето на системот за варење.
Конекцијата меѓу мозокот и системот за варење
Врската помеѓу мозокот и дигестивниот систем е многу поголема отколку што разбираме. Чувството на „пеперутки во стомакот“ се всушност нервите во гастроинтестиналниот тракт што укажуваат дека сме под стрес или загрижени. Мозокот го добива ова чувство на непријатност и веднаш сфаќа дека нешто не е во ред.
Некои експерти веруваат дека нашиот дигестивен систем всушност има големо влијание врз менталното здравје. Всушност, 95 проценти од серотонин – „хормонот на среќата“ – се наоѓа во дигестивниот систем. Значи, колку е посреќен системот за варење, толку сме емотивно поздрави.
Очигледно, јадењето поздрава исхрана има голем удел во поздрав дигестивен систем. Но, може да биде потребно време за повторно да се изгради здрава цревна флора и генерално здрав систем за варење. Пробиотиците дефинитивно можат да помогнат во забрзување на процесот.
Храна богата со пробиотици
Многу луѓе земаат пробиотици во форма на таблети. Сепак, постојат некои намирници кои исто така се богати со пробиотици. Ферментираната храна, како што се јогурт, кефир, кисели краставички, комбуха, мисо, некои сирења, кимчи, кисела зелка, традиционална матеница се дел од намирниците кои се богати со природни пробиотици.
Експертите постојано ја истакнуваат важноста на посветување внимание на дигестивниот систем преку избирање вистинската храна и прилагодување на начинот на живот. Важноста на добрите цревни бактерии никогаш не може да се нагласи доволно за целокупната благосостојба на човековиот организам.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.