Нашите емоции се корисни и служат како амортизери за да нè заштитат кога работите стануваат претешки. Без емоциите, нема да можеме да ги живееме нашите животи нормално или човечки. Нема да можеме да воспоставиме нормални односи со другите или да го доживееме чувството за успех, исполнетост или припаѓање.
Проблемот со емоциите е што не можеме едноставно да ги „исфрлиме“ од нашиот систем. Тие се суштински и неразделен дел од нашата свест и личност. Тие се дел од механизмот за преживување изграден од природата, кој ни овозможува да се справиме со физичките и психичките подеми и падови во нашите животи.
На пример, стравот можеби не е добар за вашата самодоверба, но стравот е неопходен за вашиот опстанок. Лутината можеби не е добра за вашето здравје и врски, но е неопходна за да се одбраните од потенцијални закани. Овие емоции ви помагаат да се справите со животот.
Социјална цена за тргување со емоции
Нашите емоции имаат за цел да ни помогнат да се поврземе со светот, да комуницираме со него и да се справиме со него. За жал, општеството нè принудува да го модифицираме или скриеме нашето однесување под наметката на прифатливо однесување, социјалните ритуали и условените одговори.
Може да добиете социјално одобрување, признавање и прифаќање кога ќе ги скриете вашите вистински чувства и емоции. Сепак, најверојатно, таа иста стратегија ќе направи да се чувствувате виновно или непријатно. Од искуство знаеме дека оние кои се добри во манипулирање на другите и навидум пријатни, се социјално попопуларни наспроти оние кои се искрени, но емотивно отворени.
Прашањето е до кој степен сте подготвени да ги замените вашите вистински емоции за љубовта и вниманието на другите. Кога ги криеме своите емоции и нашите вистински чувства, ја губиме нашата оригиналност, спонтаност и автентичност.
Кога ќе ги ставиме „маските“ и ќе ги скриеме нашите вистински емоции за да ги задоволиме другите, престануваме да бидеме верни на себе. Иако ова, од општествен аспект може да ја задоволи нашата потреба за одобрување и припадност, морално може да предизвика сериозни сомневања во нашиот карактер, верба и доверба.
За да можеме да ги прифатиме емоциите, најпрво треба да ги разбереме кога, како и зошто се појавуаат и со која цел.
Наместо да ги постиснувате емоциите – прифатете ги
Еден од првите чекори во справувањето со емоциите како што се лутината или стравот е да ги признаеме како нормални и човечки. Нема ништо погрешно или неморално во тоа да се биде емотивен, освен ако вашите емоции прават да се однесувате нечовечки, бесчувствително или сурово кон другите. Чувството на вина поврзано со емоциите е поразително и поштетно од самото искуство на емоцијата. Треба да научите не само како да ги контролирате, туку и како да ги прифатите и да управувате со вината и каењето што произлегуваат од чувствување на емоциите.
Емоциите нè прават луѓе
Општеството можеби обожава да гледа кул ликови како Џек Бауер кој не би трепнал додека пукаат со оружје или кога некој би го испровоцирал. Но, ако навистина наидете на таква личност во вашиот живот, веројатно нема да се чувствувате многу пријатно. Кога станува збор за пријателство и врски, ние претпочитаме емотивно отворени луѓе наспроти студените и пресметливи личности, чии умови и срца никој не може да ги сфати.
Емоциите се корисни
Постои причина зошто емоциите се толку тешки за контрола. Постои и причина зошто веројатно никогаш нема да можеме да ги контролираме целосно. Нашата личност е составена од две компоненти, една примитивна и друга модерна. Примитивниот дел го сочинува јадрото. Тоа е заедничко со остатокот од природата. Модерниот дел е хуманиот и рационален дел и го сочинува надворешното јадро. Нашите сетила се поврзуваат примарно со примитивниот ум и преку него со модерниот. Природата го создала овој дизајн за опстанок. Но, во тој процес се создале и некои проблеми и последици.
Емоциите се дел од сложениот процес на донесување одлуки
Иако се разликуваме од животните и главно се потпираме на разумот и размислувањето, примитивното јадро на нашата личност сепак игра важна улога во нашиот опстанок и благосостојба. Преку истото ги примаме и обработуваме надворешните дразби и перцепции пред тие да бидат пренесени на надворешното јадро за понатамошна обработка, анализа и контрола. Надворешното јадро работи повеќе или помалку како регулатор. Одлучува што да прави со информациите што доаѓаат од примитивното јадро, дали да ги модифицира примитивните и инстинктивните одговори што доаѓаат од другата страна или да ги остави да останат непроверени и непроменети.
Колку повеќе го развиваме надворешното јадро и ги полираме вештините за размислување и расудување, толку повеќе имаме можност да го контролираме примитивно однесување. Ова е причината зошто образованието и свесноста се толку важни фактори во развојот на личноста и во контрола на однесувањето.
Емоциите се дел од човековото однесување
Емоциите се природен и неразделен дел од нашата свест. Тие имаат улога да го обезбедат нашиот опстанок и да ја збогатат нашата свест. Кога ги доживуваме, треба да научиме да ги разбереме, да ја сфатиме пораката, наместо да се жалиме зошто ги имаме.
Имаме два ума „скриени“ во нашата свест, како ден и ноќ, светлина и темнина. Тие се неразделни близнаци. Едниот е примитивен и независен, а другиот рационален и аналитички.
Заедно тие ве прават она што сте, мешавина од спротивности, предмет на двојност – човек. Вашето однесување зависи во голема мера од тоа кој дел од вашиот ум е активиран и колку вашиот рационален дел го контролира примитивниот.
Научете да живеете со своите емоции
Во време на емоционални превирања, запомнете дека емоциите се јавуваат затоа што вашите сетила се поврзани со примитивниот дел од вашиот ум, а вашиот рационален ум не секогаш успева да се справи ефикасно со пораките кои доаѓаат од него.
Овие пораки се дел од вашиот опстанок и егзистенцијален механизам и не треба да се потиснуваат едноставно затоа што не се емоции кои ги посакувате или ги издаваат вашите слабости.
Кога ќе се појават емоции, наместо да ги потиснете, обрнете внимание на нив и обидете се да ги разберете суштината во истите. На овој начин ги користите вашите емоции без да ја изгубите рамнотежата и внатрешната стабилност.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.