Анксиозност како состојба може да предизвикаат значителни проблеми во повеќе области од животот како што се социјални интеракции, работа, училиште. Иако за анксиозните состојби првенствено е потребно помош од стручни лица, сепак природни начини да се справите со анксиозност или барем да ја ублажите.
1. Вежбајте
Вежбањето се смета за лек, бидејќи е и за физичкото, емоционалното и менталното здравје. Редовното вежбање може да има долготрајни ефекти врз вашата благосостојба.
2. Медитирајте
Ако вашиот ум има навика често да се врзува за негативни мисли, медитацијата ќе ви помогне послесно да управувате со стресот и вознемиреноста. Има различни стилови на медитација кои може да ги одберете. Медитирањето по 5-10 минути дневно, може да направи значителна разлика во намалување на анксиозноста.
3. Опуштете го телото
Кога сте вознемирени, може несвесно да ги грчите мускулите или да ја стегате вилицата. За да се ослободите од мускулната тензија, обидете се да легнете во удобна лежечка положба и полека да ја опуштите секоја мускулна група. Започнете од прстите на стапалата и стигнете се до темето на главата.
4. Пишувајте
Доколку често ви се случува да се чувствувате вознемирени, обидете се да водите дневник или некоја друга форма на пишување за да можете да ги пренесете вашите мисли и чувства на хартија. Пишувајќи го она што го доживувате во моментот, може да ви помогне да го најдете образецот на размислување и да ви помогне да се справите со анксиозноста.
5. Организирајте си го времето
Многу луѓе се чувствуваат вознемирени или повеќе вознемирени кога имаат многу обврски. Ако семејството, работата и останатите активности ви предизвикуваат стрес и анксиозност поставете си план за полесно функционирање за да ја намалите вознемиреноста. Еден начин како може да го направите тоа е преку организирање на календар и распоред со вашите обврски.
6. Пробајте ароматерапија
Мирисот на растителните масла како што е лавандата може да помогне во ублажување на стресот и вознемиреноста. Одредени мириси делуваат различно кај луѓето, па затоа е најдобро да експериментирате за да го најдете најдобриот за вас.
7. Пијте билни чаеви
Редовното пиење чаеви од билки може да помогне за анксиозноста па дури и за проблемите со спиење. Некои чаеви, на пример камилицата може да го сменат нивото на кортизол, хормонот на стрес.
8. Консумирајте витамин Б-12 и Омега 3
Анксиозноста во некои случаи може да се должи на ниското ниво на витамин Д и Б-12. Но, сепак пред да ги земете овие витамини како додатоци, потребно е да се консултирате со лекар. Многу истражувања имаат покажано дека омега 3 полинезаситената масна киселина помага да се ублажат симптомите на анксиозност. Обидете се да јадете храна богата со Б-12 и омега-3 како лосос, грав, овесна каша и зелен зеленчук.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.