Јогата, ја практикуваат милиони луѓе низ целиот свет поради неколку добри причини. Придобивки од практикување јога има безброј. Постои веќе неколку илјадници години и постојано стекнува популарност, баш поради придобивките кои практикантите ги добиваат.
Може да се набројат безброј придобивки од јогата. Има премногу за да се споменат, но сите се насочени кон една посебна цел – да се одржи подобро здравје и благосостојба преку единство на умот и телото. Придобивките од јогата може да се класифицираат во три категории според тоа каде може да се појават: физички, ментални и спиритуални.
Физички придобивки од јогата
Јогата на прво место е филозофија составена од вежби кои можат да го направат телото многу поздраво. Неколку истражувања укажуваа дека вежбите кои се дел од јога праксата можат да помогнат во зголемување на мускулната маса на практикантот. Ги зајакнува мускулите на грбот и стомакот кои се два од најважните елементи на мускулната мрежа на ‘рбетот кои работат за да му помогнат на практикантот да добие соодветно држење на телото.
Јогата исто може да помогне и со релаксација. Ги ублажува болките и стресот не само во мускулите, туку во целото тело. Оваа придобивка е овозможена од јога движењата што вклучуваат истегнувањата, како и од вежбите за дишење кои се работат на часовите.
Најмногу од сè, јога праксата ќе ве научи дека вашето тело има свои ограничувања. Овој факт ќе ви помогне да спречите секакви повреди и телесни несовршености.
Ментални придобивки од практикување јога
Ако редовно ги работите јога техниките, ќе бидете опуштени и релаксирани. Ќе можете да се справите многу полесно со одредени ситуации кои ви предизвикуваат стрес. Најважно од сè, точно ќе знаете како да се охрабрите да размислувате позитивно. Најнови истражувања дополнително откриле дека менталните придобивки од јогата може да вклучуваат и самоприфаќање.
Спиритуални придобивки од јогата
Во однос на спиритуалните придобивки, се смета дека јогата е толку моќна за да ве освести за сè што се случува во вашето тело, вклучувајќи ги и вашите емоции и чувствата кон другите.
Многумина од искусните јогини дури тврдат дека практикувањето јога ќе го поттикне чувство на меѓусебна зависност што може го вклучува не само тело, туку и умот и духот. Ова е, всушност, кога идејата за „единственост“ се појавува.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.