Патот на јога не е покриен со ливчиња од рози. Многу често се случува истиот да биде исполнет со пречки, дилеми, внатрежни преврирања и повремени скршнување. И тоа е сосема во ред. За среќа, јогиската филозофија ни нуди објаснувања и помош кога ќе „заглавиме“. Јогини кои го „изоделе“ патот пред нас ни оставиле „водич“ за разбирање на проблемите на умот наречен Антарајас или 13-те пречки во јогата. Познавањето и проучувањето на овие пречки ќе ви овозможи да разберете што се случува и како полесно да ги надмитете истите а со тоа и да напредувате во вашата јога пракса.
13-те пречки во јогата
Патанџали ги опишува 13-те пречки на јогата со нивна поделба во два дела. Првиот дел на Антарајас се примарните и најчестите препреки со кои ќе се сретнете во јогата. примарната и најчестата препрека со која ќе се сретнете во јогата. Вториот дел содржи четири помали пречки, од кои неколку се многу несекојдневни.
Деветте главни пречки во јогата
Вјади (vyadhi) – болест, физичка или ментална. Тешко е да се занимавате со јога ако сте физички болни. Затоа е важно да се води здрав начин на живот за превенција од болести и одржување на оптимално здравје.
Стјана (Styana) – апатија, избегнување на извршување на својата должност. Со одолговлекување или прокастинација ја избегнуваме нашата практика и создаваме изговори за да скршнеме од патот.
Саншаја (Sanshaya) – сомневање во способноста или резултатот од јогата. Можеме да ја запознаеме Реалноста, кога сме ослободени од сомнеж. Важно е да се негува вербата во себе, како и јогискиот пат.
Прамада (Pramada)- невнимание, неупорност. Јогата е и наука и уметност и пристапувањето кон неа без вештина, грижа, почит и посветеност ќе создаде непостојани и можни негативни резултати.
Аласија (Alasya) – Мрзливост, инерција на умот или телото поради доминација на тамасичкиот елемент. Јогата бара дисциплина, ревност и волја да успее на својот пат. Мрзеливоста ќе ве спречи да го достигнете својот најголем потенцијал.
Авирати (Avirati) – прекумерно уживање, приврзаност кон пријатни работи. Мора да научиме да ги „отпуштиме“ нашите приврзаности кон желбите и физичките предмети ако сакаме да напредуваме во јогата.
Брантидаршан (Bhrantidarshan) – Лажна визија, предвремено чувство на сигурност. Развивање на лажна претстава за практикувањето на јогата и нејзиниот исход не само што може да го одведе некого од патот на јогата туку и да создаде штета и разочарување.
Алабда-бумикатва (Alabdha-bhumikatva)- Не-достигнување на следната јогиска фаза. Ова се случува поради погрешна или лоша пракса и создава чувство на „заглавување“ и доведува до обесхрабрување.
Anawasthitatwa – Нестабилност, непостојаност на јогиско „достигнување“ или фаза. Неможноста да се одржи постигнатото „ниво“ може да биде вистинска пречка. Ова повторно може да биде резултат на погрешна или лоша практика.
Кога ќе се сретне некоја од овие примарни пречки, може да се појават четири помали пречки под специфични околности.
Четирите помали пречки
Духка (Duhkha) – болка или тага.
Даурманасија (Daurmanasya) – депресија, болка предизвикана од неисполнување на желбите.
Ангамејаиатва (Angamejayatwa) – треперење на делови од телото.
Шваса-прашваса (Shvâsa-prashvâsa) – нарушувања во кумбака или задржување на здивот кои предизвикуваат неправилна шема на дишење што доаѓа со ментално вознемирување.
Надминување на пречките во јогата
Ќе треба да ги отстраните или надминете сите овие пречки за да бидете успешни во јогата. Тие можат да се појават во секое време, а доколку не се надминат, при нивното прво појавување, најверојатно ќе се вратат додека не научите како да ги надминете.
Клучот за отстранување на сите горенаведени пречки е практикување на еднонасочност на умот. Овие пречки природно ќе поминат со текот на времето, освен ако не дозволиме да се заплеткаме и заглавиме во нив. Со фокусирање на целото ваше внимание на еден објект, пречките се раствораат и почнуваат да ја губат својата важност и моќ.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.