Прана не е дишењето, туку самата животна сила. Тоа е многу суптилна, но сепак опиплива супстанција. Не можеме да ја почувствуваме, исто како што не сме во состојба да го видиме зрачењето или електромагнетни бранови, без соодветни алатки.
Сите ние имаме одредено количество прана во нашето тело, кое го користиме за нашите секојдневни активности во текот на денот. Кога праната се намалува, се појавуваат проблеми и болести. Кога праната ја има во изобилство, секој дел од телото е целосно здраво.
Прана се стимулира и засилува преку практиката на пранајама. Вежбањето пранајама пред медитација го смирува умот и го подготвува за медитација. Но, постои уште една, поважна причина за овој ред. Од сите органи, мозокот бара најголема количина прана. Од сите ментални активности, медитацијата бара најмногу прана.
Кога на мозокот му фали прана, умот станува вознемирен. Недостатокот на прана значи намалена енергија која му е потребна за да се концентрира и фокусира.
Кога телото подолг временски период се лишува од прана, може да се соочите со повеќе проблеми. Физички во телото, недостигот на прана се манифестира со потење, треперење и тешкотии при стоење. Ментално, може да резултира со прекумерна негативност, несоница и неподготвеност да се комуницира.
Најлесен начин за зголемување на праната во мозокот
Праничните потреби на мозокот не се обезбедуваат лесно. Мозокот е многу суптилен орган, затоа бара посуптилна верзија на редовната прана што телото ја користи. Длабокото дишење го стимулира респираторниот, циркулаторниот и другите физички системи во телото. Но, неговите ефекти врз мозокот може да бидат минимални.
Свесноста е клучната состојка која менува сè. Дишењето или практикувањето пранајама со целосна свест, ја претвора праната во суптилната верзија што му е потребна на мозокот.
Свесното дишење и фронталниот мозок
Постои голема разлика помеѓу ефектите на свесно и несвесно дишење. Дишењето без свесност, го „храни“ или го активира задниот мозок, седиште на нашите инстинкти. Дишењето со целосна свесност, го активира фронталниот мозок, седиште на свеста и интуицијата. Свесно контролирање и спроведување на процесот на дишење, го активира фронталниот мозок.
Во текот на животот, ние вообично дишеме несвесни. Дишењето е потсвесен процес, кој се случува инстинктивно. Неволното или несвесното дишење го храни целото тело со прана, вклучувајќи го и мозокот. Но, во помала количина, недоволна за еволуција и раст на умот. Само свесно дејство води кон повисока свест. И само свесно дишење го развива фронталниот мозок, седиште на свеста.
Спроведување на прана во мозокот
Ако сакаме да го прочистиме мозокот, да го ослободиме од многуте заболувања или да ги развиеме неговите својствени способности, треба свесно да ја насочиме праната кон него. Ова е најважната цел на пранајама. Вежбањето пранајама ги стимулира праните во долниот дел на телото. Енергијата потоа се поместува нагоре низ ‘рбетниот мозок и влегува во мозокот, преку бандхите или енергетските заклучувања.
Трите банди практикувани со пранајама се џаландара бханда, удијана бханда и мула бханда. Заедно тие ја принудуваат праната да се крене. Прво, пранајама генерира прана во долниот регион на телото. Тогаш мула бханда ја крева прана кон папокот. Потоа, удијана бханда дополнително ја крева прана кон грлото, и конечно, џаландара бханда ја води до мозокот.
Будење на мозокот со прана
Нашето сегашно ниво на прана го одредува нашето сегашно ниво на здравје. Вежбањето пранајама ќе резултира со посуптилната прана и ќе го подобри нашето ментално и физичко здравје. Но, зголемувањето на квантумот на прана, исто така, ги стимулира заспаните центри на мозокот. Насочувањето на праната кон овие заспани центри ќе ги разбуди, откривајќи ги својствените капацитети за кои никогаш не сме знаеле дека ги имаме. Процес што резултира со зголемено животно искуство и проширена свест.
Шамбави мудра
Практиката на шамбави мудра е уште еден начин преку кој можеме да ја спроведеме праната во фронталниот мозок. Шамбави мудра е практика во која ги фокусираме нашите очи да „гледаат“ во центарот на веѓите. Оваа пракса веднаш ја насочува праната кон мозокот и е една од најважните практики за будење на агја чакра или трето око.
„Супер“ полнење на мозокот со прана
„Супер“ полнење на мозокот со прана бара редовна и методичка практика на пранајама. Ова е затоа што самото вдишувањето и издишувањето не го полнат мозокот со прана. Мозокот се храни со прана само за време на кумбака – задржување на здивот. Кумбака се случува двапати, еднаш кога се задржува здивот во белите дробови и еднаш кога се задржува надвор од белите дробови.
Практиката на кумбака го подмладува целиот мозок. Сепак, кумбака бара сериозна практика, трпение и дисциплина. Претерувањето дури и минимално може да има страшни последици. Мозокот никогаш не треба да чувствува недостаток на кислород. Поради оваа причина, задржувањето на здивот во кумбака се зголемува со текот на времето и се работи под водство на искусен учител.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.