Брамари е техника за дишење која го смирува нервниот систем. Активноста на оваа респираторна вежба, помага при смирување на умот, ослободување од менталниот замор и менталниот стрес. Оваа пранајама техника е една од најдобрите техники за дишење, при кои умот се ослободува од вознемиреност, немир, фрустрација и гнев. Таа е едноставна техника за дишење која може да се применува секаде, дома или на работа и е инстант решение за намалување на стресот. Името „брамари“ доаѓа од санскритскиот збор „bhramar“ што значи индиски вид црна пчела.
При изведување на брамари, звукот на издишувањето многу наликува на звукот на „зуење“ на пчелите, па оттаму го добива и името. При оваа техника, устата е затворена и нежно се произведува звукот на зуење во грлото. Брамари е многу корисна техника за смирување на умот и дишењето. Лесно може да се почувствуваат вибрациите во вашата вилица, вратот и лицето. Оваа едноставна техника може да се практикува на било која возраст.
Како се изведува брамари ?
- Седнете во било која положба за медитација;
- Затворете ги очите и дишете длабоко;
- Затворете ги ушите;
- Држете ја устата затворена и дишете низ вашиот нос;
- Вдишете преку нос и додека издишувате исто така преку нос, произведете го звукот на зуење на пчелите;
- Повторете го процесот најмалку 10 пати.
Корист:
Ова е најдобрата техника за да се постигне концентрација на умот;
- Ги отстранува блокадите на умот и дава чувство на среќа;
- Корисна техника при хипертензија;
- Со помош на оваа техника умот станува стабилен, има пониска ментална напнатост и нервоза;
- Помага при мигрена;
- За време на бременоста помага за одржување и регулирање на функционирањето на ендокриниот систем;
- Мошне корисна техника за Алцхајмерова болест;
- Го зајакнува здравјето на грлото;
- Го зајакнува и подобрува гласот.
Мерки на претпазливост:
- Практикувајте брамари наутро на празен стомак. Доколку практикувате навечер, почекајте да поминат неколку часа (3-4 часа) од последниот оброк пред изведба на оваа техника;
- Брамари не треба да се изведува од лежечка положба;
- Најдобро е изведбата на оваа техника за дишење да биде под водство на јога инструктор.
Сите пранајама техники, влучувајќи го и секое свесно дишење, се ефективна подготовка за медитација. Пранајама техниките секогаш доаѓаат непосредно пред медитација. Брамари оди еден чекор понатаму и овозможува речиси лесна транзиција во длабока медитација. Тоа е особено корисно за практикантите (па дури и за учителите) на кои им е тешко да ги „исклучат“ безбројните мисли кои ги имаат.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.