Љубовта е океан од бесконечни длабочини. Луѓето се сложени, проткаени со недостатоци и скриени желби и бараат да бидат прифатени и разбрани. Различни партнери извлекуваат различни емоции од нас – за некои не ни знаеме дека ги имаме – и одржувањето на среќна врска може да стане напорно. Сепак, човечките суштества поседуваат непопустлива потреба за љубов. На некои луѓе им е потребна помош за ослободување на оваа љубов што ја чуваат во себе. Нашата прва цел во врската треба да биде да му помогнеме на партнерот/партнерката да стане најдобрата верзија од себе. Кога тоа ќе се случи, љубовта се разменува без ограничувања. Затоа потребано е да се има одредни „правила“ за стабилна врска.
Да се биде во стабилна и посветена врска е секојдневен избор. Секој ден вие и вашиот партнер одбирате да дејствувате на начин кој или го помага или го попречува вашиот заеднички напредок. Луѓето често продолжуваат да ги прават истите работи во врска, а сепак очекуваат различни резултати. Најефективниот чекор што може да го преземете во однос на прифаќање на предизвиците во вашата врска е да го смените начинот на размислување, одбирајќи да ги видите нештата од различна перспектива што може целосно да ја смени енергијата на ситуацијата.
Во продолжение неколку златни правила за стабилна врска насочени кон решавање на конфликтите и подобрување на квалитетот на вашата врска.
Правило број 1 – растење
Луѓето постојано се менуваат, но тоа не мора да значи дека растат. Односот не треба само да се смени, туку и да се развие позитивно со текот на времето, бидејќи двајцата партнери треба да работат на решавање на тековни „проблеми“. Пробајте да разберете како вие и вашиот партнер се развивате и растете индивидуално и заеднички. Во случај на физички промени, секогаш пофалете ги новите промени, нова фризура, гардероба, губење на тежина. Бидете еден чекор пред промените, предвидувајќи ја следната фаза од вашата врска.
Правило број 2 – авантура, не рутина
Секојдневната рутина станува здодевна. Повторувањето на истите работи одново и одново може брзо да го убие духот на вашата врска. Излезете од рутината колку што можете почесто. Патувајте со вашиот партнер дури и ако тоа е викенд патување или неколку часовно „бегање“ од секојдневието. Пробувајте нови хобија, дури и ако е нешто надвор од вашата комфор зона. Најдете радост во фактот што го поминувате вашето време со партнерот.
Ова правило важи и во спалната соба. Многу мажи и жени сметаат дека нивната сексуална желба се намалува по години поминати со истиот партнер. Адреналинот и нивоата на допамин опаѓаат со текот на времето и со нив избледува „желбата“ што го придружува сексуалниот однос. Иако ова е вообичаено, не е добар знак. Сексот е клучен дел на секоја здрава врска. Одржувајте ја вашата сексуална енергија. Тоа ќе ја зголеми вашата самодоверба. Посветете си повеќе време за себе, јадете здраво, вежбајте. Овие активности не само што ќе ви помогнат да изгледате добро за вашиот партнер, многу поважно, ќе ве направат вие да се чувствувате добро. Сексот сигурно ќе ви стане подобар со текот на времето ако заедно со вашиот партнер станете покреативни во смислување на нови начини да се задоволите меѓусебно. Бидете малку посмели и пробајте нови позиции или нови места, за да ја задржите сексуалната искра.
Правило број 3 – комуникација, не испрашување
Не ви се потребни милиони разговори за лекување на врската, доволен е и еден транформативен разговор. Оттука, квалитетот на комуникација е клучен. Има правилни и погрешни начини на комуникација. Погрешен начин на комуникација е бомбардирање на вашиот партнер со сите ваши проблеми веднаш штом тој/таа ќе влезе низ врата. Не скокајте од тема на тема и не се концентрирајте на неважни работи што не претставуваат сериозен проблем. Ќе имате време да ги покриете сите клучни елементи со текот на времето, па затоа почнете со најважните.
Пред да започнете со раскажување на целиот ден прашајте ја/го како поминал нивниот ден. Дознајте што му/и е важно, какви се неговите/нејзините планови, како можете да помогнете итн. Ако ја започнете комуникацијата премногу агресивно вашиот партнер ќе одговори на истиот начин.
Слушајте го она што вашиот партнер го кажува. Не слушајте само за да вратите, туку вистински слушнете што има тој/таа да каже. Во случаи кога зборовите предизвикуваат непроправлива штета, тишината е златна. За разбирањето на намера зад зборовите на вашиот партнер може да е потребно повеќе време. Како што размислувате за она што вашиот партнер го кажал, така ќе се појави значењето.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.