Close Menu
Омниа
    Facebook X (Twitter) Instagram
    петок, мај 16
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    • Јога
    • Здравје
    • Личен развој
    • Духовност
    • Авантури и природа
    • Глобална свесност
    • Рецепти
    • Астрологија
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    Home»Личен развој»„Правила“ за стабилна врска – 2
    Личен развој

    „Правила“ за стабилна врска – 2

    omnia.mkBy omnia.mk15/07/2019Updated:24/01/2023Нема коментари5 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    врски
    Share
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Овие едноставни „правила“ ќе создадат помалку стрес во врската и ќе ја пoдобрат динамиката. Во продолжение прочитајте уште неколку правила за стабилна врска

    Правило број 4 – не комплицирајте

    Забораваме дека во љубовта, клучот е во едноставноста. Сакаме да изградиме империја со партнерот, но при тоа забораваме на основните вредности кои ја негуваат љубовта. На крајот на денот, ништо не е повредно од нежните моменти споделени во тишина без спомнување на она што е, што било или што би можело да биде. Исчистете ја вашата врска од токсичноста на другите луѓе кои се вмешуваат, од штетните емоции и штетните спомени. Одржувајте ја врската чиста како вода.

    Правило број 5 – ние, не јас

    Најдеструктивната сила во врските е егото. Поради добробитот на врската, оставете ја гордоста на страна. Не сфаќајте сè лично. Дури и ако вашиот партнер направи грешка, разберете дека тој можеби има лични проблеми за кои вие не знаете и дека тоа нема никаква врска со вас. Сфатете дека во совршен свет, врските би биле идеални, но кога станува збор за реалноста, се работи за компромиси, жртви и издржливост.

    Правило број 6 – предности, а не слабости

    Секој ден имате избор вниманието да го насочите на слабостите на вашиот партнер или на неговите/нејзините силните страни. Слабостите на поединецот, вообичаено се полесно забележливи, отколку силните страни. Но, ако постојано се насочувате на она што вашиот партнер го прави погрешно, тој/таа нема никогаш да се чувствува мотивирано да направи нешто добро. Постојат суптилни начини да му укажете на партнерот кога нешто прави погрешно. Како правило воздржете се од негативно зборување за вашиот партнер во јавност. Можеби сте станале толку навикнати на недостатоците на партнерот што мислите дека и оние околу вас се навикнати на нив. Наместо да го започнете денот со потсетување на партнерот за нешто што го направил погрешно – заблагодарете му се.

    Правило број 7 – медитација, не очај

    Кажувањето и правење работи од очај, носи само повеќе очај. Дозволете вашите чувства да се смират и применете логика пред да почнете да зборувате. Организирајте ги вашите мисли и намери. Ако очајно посакувате вашиот партнер да се смени, не се заканувајте дека ќе му раскинете, тој може не знае како да се промени.

    Медитирајте на вашите одлуки пред да дејствувате. Замислете што ќе се случи ако и пристапите на ситуацијата на еден начин, наспроти друг. Размислете за најдобриот можен исход во вашата глава. Затворете ги очите и визуелизирајте се себеси како имате искрен разговор со вашиот партнер во кој и двајцата постигнувате компромис.

    Правило број 8 – иднина, не минато

    Планирањето на иднината со вашиот партнер може да ве мотивира да ги преземете вистинските чекори кон манифестирање на своите цели заедно. Зборувајте за годините што следат и формирајте стратегија за она што го сакате: дом, семејство, инвестиции итн. Не се фокусирајте на она што поминало. Луѓето може да се променат, но прво мора да им дадете шанса.

    Правило број 9 – интимност, а не влијание

    Многу двојки живеат физички заедно, но живеат емоционално одвоено. Чувајте ја вашата врска за вас и вашите проблеми приватни. Надворешните влијанија може да ја уништат совршено добрата динамика. Никој не треба да интервенира. Филтрирајте ја вашата средина од негативни влијанија и забележете ја енергетската трансформација на подобро.

    Правило број 10 – реалност, а не совршенство

    Љубовта што сакаме да ја добиеме можеби не е во согласност со љубовта што ја примаме. Зошто е тоа така? Затоа што луѓето не секогаш ќе ни даваат што сакаме – тие ќе ни дадат што можат. Не секој е способен да ја возврати безусловната љубов, трпеливост и толеранција. Некои луѓе едвај самите може да се толерираат а камоли други лица. Иако никогаш не треба да прифатите помалку од она што заслужувате, треба да ги прифатите ограничувањата на вашиот партнер и да го препознаете неговиот уникатен капацитет. Здрава врска значи да ги надминете вашите очекувања и да ја прифатите реалноста на „дефектите“ на партнерот а потоа да работите заедно да ги подобрите овие „дефекти“.

    Правило број 11 – решенија, не заклучоци

    Лесно е да се донесат заклучоци. Кога нашиот партнер прави нешто погрешно, започнуваме со анализирање на секој дел од неговите постапки и го претпоставуваме најлошото. Нашите стравови и несигурности предизвикуваат да ја зголемиме сериозноста на ситуацијата. Овој вид компулсивно однесување само носи проблеми во врската. Пред да реагирате, седнете и размислете. Разговарајте отворено со вашиот партнер за она што ви пречи. Кога вашиот партнер ви кажува нешто верувајте му. Дури и ако неговиот/нејзиниот изговор не е доволно добар за вас, почитувајте го неговото објаснување. Прескокнете ги претпоставките и наместо тоа прашајте „како може да го надминеме ова?“ Понудете ги вашите можни решенија, а потоа дозволете му на вашиот партнер да ги изнесе неговите.

    УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
    Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

    врски личен развој
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Previous Article„Правила“ за стабилна врска
    Next Article Ајурведа: Проверете која е вашата доминантна доша
    omnia.mk

    Related Posts

    Телото како сведок на сè што премолчуваме

    02/05/2025

    Кога звукот лекува – разговор со звукотерапевт, Ива Зафировска

    25/04/2025

    Дали сме научени да се задоволуваме со премалку?

    21/04/2025

    Comments are closed.

    Омниа.мк
    info@omnia.mk
    контакт телефон +389210180
    Copyright © 2023 Omnia.mk

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.