Ниту еден јога час не завршува без крајната релаксирачка положба. Шавасана му овозможува на вашето тело и ум да го обработи она што се случило за време на јога часот. Таа обезбедува неопходна релаксација за напорите кои ги правите за време на практикувањето асани.
Јога учителите често знаат да кажат дека шавасана е најтешка јога положба, бидејќи некои луѓе навистина тешко се опуштаат и не можат да издржат да бидат во една положба подолго време.
Ако шавасана претставува предизвик и за вас, пробајте додека сте во положбата да го скенирате целото тело од врвот на прстите на нозете, до темето на главата, носејќи ја свесноста на секој дел од телото и потоа ослободувајќи го. На вашето тело му е потребно времето поминато во шавасана, за да ги абсорбира новите информации кои ги добило низ практикување на асаните.
Често, умот сака да остане активен дури и кога телото е опуштено. Кога вашето тело е мирно, умот има можност да дознае како да ја задржи истата состојба на смиреност како телото кое е во мирување. Ако вашиот ум не престанува да мисли, тогаш пробајте некои техники на медитација, како набљудување на вашите мисли. Исто како и со останатите јога вежби и за оваа медитативна техника потребно е пракса. По некое време, ќе забележите дека кога вашето тело ќе влезе во шавасана и вашиот ум ќе влезе во релаксирана состојба.
Иако шавасана е положба за релаксација, не е положба за спиење. Треба да се обидете да останете присутни и свесни цело време додека сте во положба за релаксација.
Инструкции:
1.Легнете на грб.
2.Благо раширете ги нозете. Не ги држете нозете стегнати за да можат да стапалата да се отворат, секое на сопствената страна.
3.Доведете ги рацете покрај телото, но малку одвоени од вашето торзо. Дланките се свртени кон горе, но не се трудете да ги држите целосно отворени.
4.Откако ќе ги наместите екстремитетите, опуштете ги. Опуштете го и целото тело, вкучувајќи го и лицето. Почувствувајте го телото како лежи на подот.
5.Дишете природно. Ако вашиот ум залута, може да ја насочите свесноста на дишењето, но само набљудувајте го, не пробувајте да го продлабочите.
6.Останете во шавасан најмалку пет минути. Колку подолго останете во положбата, толку повеќе ќе ги почувствувате бенефитите од релаксацијата.
7.Кога ќе бидете спремни да излезете од положбата, насочете го вниманието на дишењето и продлабочете го, земете неколку целосни вдишувања и издишувања.
8.Потоа, размрдајте ги прстите на нозете и прстите на рацете и полека, нежно раздвижете го целото тело.
9.Доближете ги колената кон градите и свртете се на страна, држејќи ги очите затворени. Користете ја долната рака како перница додека на кратко лежите во фетусна положба.
10.Користејќи ги рацете за поддршка, исправете се во седечка положба.
Совети:
Користењето на реквизити за време на шавасана, може да ја направи положбата по удобна и релаксирачка.
- ако имате болки или чувствувате вкочанетост во долниот дел на ’рбетот, свиткајте неколку ќебиња и ставете ги под вашите колена, што помага да се доведе карлицата во поудобна положба;
- за да се нагласи чувството дека телото е вкоренето во земја, ставете свиткано ќебе врз вашите бутови. Истото чувство ќе го постигнете со блокче кое ќе го поставите под вашиот папок или доколку ги прекриете очите;
- доколку е ладно во просторијата, покријте се со ќебе или облечете чорапи и џемпер. Многу е тешко да се релаксирате доколку ви е ладно.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.