Потребни состојки:
- 3 бабури;
- 33гр. просо;
- 57гр. киноа;
- 1 кромид;
- 2 чешниња лук;
- 2 лажици маслиново масло;
- 200гр. свежи печурки (шампињони);
- 400гр. домати;
- 150гр. свеж спанаќ;
- сол и бибер;
- 150гр. кашкавал;
Потребно време за подготовка на ова јадење е 40 минути.
Нутритивна вредност: калории 250; натриум 560мг. (23%); масти 13гр. (20%); протеини 12гр. (20%); јаглехидрати 23гр. (8%); влакна 6гр. (24%).
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 200⁰C. Во меѓувреме сварете ја киноата и просото. Во тава на оган на средна температура пропржете го кромидот и лукот, додајте ги исецканите печурки. Додајте го исецканиот домат, исецканиот спанаќ, сол и бибер. Додајте ги претходно сварените киноа и просо и половина од изренданиот кашкавал и убаво измешајте. Бабурите исечете ги вертикално и отстранете ги семките. Поставете ги во тава за печење и наполнете ги со смесата. Додајте малку вода во тавата. Печете ги покриени со алуминиумска фолија на 200⁰C околку 30- тина минути. При крајот додајте го преостанатиот кашкавал и повторно ставете ги во рерна да се допечат уште 10-тина минути, непокриени.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.