Потребни состојки:
- 16 свежи шампињони (поголеми);
- 150гр. хопла;
- 50гр. пармезан;
- 1 чешне лук;
- 170гр. спанаќ;
- 1 лажица маслиново масло;
- сол и бибер.
Потребно време за подготовка на ова јадење е 40 минути.
Нутритивна вредност: калории 70; натриум 180мг. (8%); масти 5гр. (8%); протеини 3гр. (6%); јаглехидрати 3гр. (1%); влакна <1гр. (3%)
Начин на подготовка:
Отстранете ги стеблата од печурките и поставете ги на харија за печење. Во меѓувреме загрејте ја рерната на 180 степени. На тава на среден оган, додајте го маслиновото масло и ситни исецканиот лук. Пропржете малку па додајте го исчистениот спанаќ. Убаво проржете додека спанаќот не омекне. Во друг сад ставете ја хоплата, пармезанот и зачините. Додајте го спанаќот и убаво промешајте да добиете хомогена смеса. Наполнете ги печурките и ставете ги да се печат во претходно загреаната рерна. Печете 20-тина минути.
Оставете ги печурките да се оладат 5 до 10 минути пред послужување.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.