Потребни состојки:
- 5 јаболки;
- 200гр. мусли
- 150гр. стопен путер;
- јаворов сируп;
- мед;
- цимет;
- сладолед или шлаг (по избор);
Потребно време за подготовка на овој десер е 60 минути.
Нутритивна вредност: калории 220; натриум 60мг. (3%); масти 8гр. (12%); протеини 1гр. (2%); јаглехидрати 37гр. (12%); влакна 4гр. (16%).
Начин на подготовка:
Исечете го горниот дел од јаболките и издлабнете ги внатре, за да може да ги наполните. Во секоја јаболка подеднакво ставете мусли, мед, јаворов сируп, цимет и одозгора прелијте ги со стопениот путер. Ставете ги да се печат на 150⁰C, 30 до 40 минути, додека не омекнат. Кога ќе бидат готови извадете ги и сервирајте ги со сладолед или шлаг по желба.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.