Гаутама Буда, роден како принц Сидарта во Лумбини Непал, избрал да биде монах и му го даде на светот најголемиот дар – будизмот. Неговите цитата за среќа, пријателство, љубов, врски и низа други аспекти од животот се навистина инспиративни и не предизвикуваат на размислување.
Во продолжение прочитајте ги 20 познати цитати на Буда
1. „Среќните луѓе се фокусираат на она што го имаат, додека несреќните на она што им недостасува“.
2. „5-те чекори кон среќа се: почесто смеење, помалку грижење, присутност во моментот, давање повеќе, помалку очекувања“.
3. „Среќата не зависи од кој сте или тоа што го имате, туку од тоа што го мислите“.
4. „Среќата е избор, а не резултат“.
5. „Дисциплиниран ум носи среќа“.
6. „Среќата никогаш нема да дојде кај они кои не го ценат она што веќе го имаат“.
7. „Смешно е да се мисли дека некој друг може да ве направи среќни или несреќни“.
8. „Секое утро се раѓаме повторно, она што го правиме денес е најважно“.
9. „Секое човечко суштество е автор на сопственото здравје или болест“.
10. „Она што мислиш, стануваш. Она што го чувствуваш, го привлекуваш. Она што го замислуваш, го создаваш“.
11. „Дури ни смртта не може да ги избрише нашите добри дела“.
12. „Сè што сме е резултат на она што сме го мислеле. Стануваме тоа што го мислиме“.
13. „Ако го знаевте она што јас го знам за моќта на давањето, немаше да дозволите ниту еден оброк да помине без да го споделите на некој начин“.
14. „Ако запалите ламба за некого, истата ќе го осветли и вашиот пат“.
15. „На крајот важни се само три работи: колку многу сакавте, колку нежно живеевте и колку лесно ги пуштавте работите кои не се за вас“.
16. „Мирот доаѓа одвнатре. Не го барајте надвор“.
17. „Минатото веќе го нема, иднината сè уште не е тука. Има само еден момент да живееш“.
18. „Секогаш ќе добивате пофалби или обвинувања. Не дозволувајте ниту едното ниту другото да влијае на вашиот ум“.
19. „Сите го знаат патот, но малкумина се оние кои навистина го одат“.
20. „Вашиот најголем непријател не може да ви наштети толку, колку што можат вашите мисли“.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.