Како суштества на навиките многу често нашите мозоци влегуваат во „автопилот“ и имаме тенденција да ја повторуваме истата рутина секојдневно – будење, облекување, одење на работа. Потоа, кога ќе се вратиме дома, обично сме премногу уморни и најчесто се „исклучуваме“ гледајќи телевизија или некоја серија на Netflix.
Затоа е многу важно да го одржуваме нашиот мозок активен бидејќи добро стимулираниот мозок не само што го подобрува расположението, туку исто така не одржува здрави и може да го намали ризикот од когнитивни проблеми.
Исто како што го одржуваме телото здраво и активно, треба да се погрижиме и за мозокот. Ова не значи дека треба да направиме нешто специјално како учење на странски јазик (иако тоа не е лоша идеја), но треба да се фокусираме на неколку активности што редовно ќе ги практикуваме.
Подобрување на функцијата на мозокот не мора да биде ништо комплицирано. Доволно е да додадеме неколку активности во нашата дневна рутина за да го одржиме нашиот мозок бистар.
1. Вежбање
Физичката активност е важна за здравиот начин на живот, а вежбањето не само што ни помага физички, туку истовремено ја подобрува и функцијата на мозокот. Кога редовно вежбаме, тоа не само што го намалува ризикот од Алцхајмерова болест, туку исто така може да го забави стареењето за 10 години.
Вежбањето е добро за мозокот бидејќи го зголемува протокот на крв, што е важно затоа што обезбедува кислород и хранливи материи во мозокот. Фитнесот исто така ослободува ендорфин и може да помогне во создавање нови мозочни клетки, забавувајќи го когнитивниот пад.
Пешачење или трчање
Пешачењето или трчањето е лесен начин да вклучиме физичка активност во денот, што нема да ни одземе многу време, а и не бара инвестирање во посебна опрема.
Секојдневна прошетка може да ја подобри функцијата на мозокот затоа што кога одиме го зголемуваме срцевиот ритам, а тоа предизвикува да дишиме подлабоко, што го подобрува протокот на кислород до мозокот.
Аеробик
Истажувањата покажуваат дека аеробното вежбање може да ја подобри когнитивната функција и исто така може да го зајакне кардиоваскуларното здравје.
Вежбање со тежина
Тренинзите за сила според некои истражувања ја подобруваат меморијата. Комбинирање тренинзи со тежина и аеробни вежби може да ни помогнат да го одржиме мозокот здрав.
2. Здрава исхрана
Мозокот користи 20% од калориите на телото.Одредени хранливи состојки во различна храна можат да ја зголемат моќта на мозокот со подобрување на когницијата и меморијата.
Здравата исхрана е лесен начин за подобрување на функцијата на мозокот преку внесување на храна богата со хранливи материи во вашите дневни оброци. Постојат неколку главни групи на храна кои во голем дел придонесуваат за подобра функција на мозокот.
Бобинки
Многу истражувања покажуваат дека јадењето боровинки, јагоди, малини, капини и други видови овошје може да помогне во спречување на губење на меморијата поврзана со возраста. Тоа е затоа што бобинките содржат високо ниво на антиоксиданти кои ги штитат клетките од оштетување.
Јаткасти плодови
Кога станува збор за здравјето на мозокот, докажано е дека бадемите, лешниците и оревите се превентивна храна за спречување на проблеми со меморијата.Јаткастите плодови придонесуваат за здрав нервен систем и можат да штитат од когнитивен проблеми.
Зеленчук
Поточно, зелениот зеленчук со лисја, како кељот кој е богат ос магнезиум кој помага во проширување на крвните садови, а тоа доведува до зголемување на протокот на крв во мозокот.
3. Намалете го стресот
Важен начин за подобрување на функцијата на мозокот е управување со секојдневениот стрес преку редовно практикување активности кои што ни помагаатда се ослободиме од истиот. Стресот може да влијае на вниманието и меморијата – што не прави да сме повеќе заборавни.
Стресот не само што влијае психички на нас, туку може да има и многу физички ефекти кои влијаат негативно на мозокот и можат да предизвикаат здравствени проблеми како срцеви заболувања и други когнитивни болести. Намалување на стресот не само што му помага на мозокот, туку и го подобрува целокупното здравје.
Медитација
Медитацијата ни овозможува да го исчистиме умот од секојдневните мисли кои ни предизвикуваат „неред“ и ни ја трошат енергијата. Редовната медитативна пракса можат да ја зголемат вашата концентрација и внимание, истовремено намалувајќи ги симптомите на анксиозност и депресија.
Спиење
Кога спиеме, нашето тело и ум се регенерираат. Нашиот мозок ги чисти токсините што се собираат додека сме будни за да можеме да се разбудиме со чист ум. Добриот ноќенодбор е од витално значење за здравјето на мозокот. Возрасните луѓе треба да спијат од 6 до 8 часа во текот на ноќта.
Најдете хоби
Учењето нешто ново или практикување на нешто што го сакате може да биде добро за вашиот мозок. Хобито му дава на важиот мозок нешто на што да се фокусира, додека учите нов сет на вештини, што може да биде истовремено и предизвик и релаксирачко искуство.
4. Игри што го предизвикуваат умот
Одличен и забавен начин да ги подобрите вашите ментални функции е со играње на различни игри кои го активираат мозокот. Тренирањето на мозок преку вакви игри може да помогне да се зголеми меморијата, да се намали времето на одговор и исто така да се подобрат логичките вештини. Тие не само што се корисни за вашиот мозок, туку може да бидат и забавни.
Сложувалки
Местење на сложувалка може да ги зголеми врските помеѓу мозочните клетки и да помогне во зголемување на краткорочната меморија. Сложувалките работат и со логичката лева страна на мозокот, а исто така и со десната креативна страна што резултира со целосен тренинг на мозокот.
Крстозбор
Решавање на крстозбори може да ја подобри когницијата. Тие се класична вежба за мозокот која во денешно време може да ги решавате дури и на интернет.
Судоку
Судоку е игра со поставување бројки која ја подобрува меморијата на мозокот. Оваа игра е одлична стимулација за мозокот, но истовремено може да биде и релаксирачка активност.
Нашите мозоци се моќни. Но, како и секој друг мускул во нашето тело потребно е да го стимулираме. Користете ги овие четири активности за да ја подобрите функцијата на мозокот.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.