Потребни состојки:
- 3 слатки компири;
- чили (во прав);
- маслиново масло
- сол и бибер;
- копар.
Потребно време за подготовка на ова јадење е 40 минути.
Нутритивна вредност: калории 100; натриум 440мг. (18%); масти 4.5гр. (7%); протеини 1гр. (2%); јаглехидрати 13гр. (4%); влакна 2гр. (8%).
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 200-230⁰C. Во меѓувреме излупете ги и исечете ги компирите на поголеми парчиња. Наредете ги во тавата за печење, прелијте ги со маслиново масло, додајте сол, бибер, чили и копар. Убаво промешајте ги компирите со зачините и ставете ги во претходно загреаната рерна. Печете 30-35 минути. Кога ќе бидат готови извадете ги од рерна и послужете ги со сос по ваша желба.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.