Потребни состојки:
- 8 парчиња аспарагус
- 4 јајца
- 30гр. пармезан
- сол и бибер
- маслиново масло
Потребно време за подготовка на ова јадење е 30 минути.
Нутритивна вредност: 220 калории; натриум 630мг (26%); масти 16гр (25%); протеини 17гр (33%); јаглехидрати 4гр (1%); влакна 1гр (4%).
Начин на подготовка:
Скршете го секое јајце во посебен мал сад и остaвeте ги на собна температура додека ја загревате рерната за печење.
Многу важно е јајцата да бидат на собна температура!
Аспарагусот исецкајте го на помали парчиња. Земете два сада за печење и ставете малку маслиново масло. Во садовите подеднакво распределете го претходно исечениот аспарагус. Зачинете со сол и бибер и печете го во рерна 10тина минути. Извадете ги садовите и внимателно ставете по две јајца врз аспарагусот и повторно вратете ги во рерна уште 5 минути. Извадете ги садовите и додајте го пармезанот и повторно вратете ги аспарагусот и јајцата во рерна да се допечат уште 3 минути.
Voila! Bon appetit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.