Потребни состојки:
- 2 тиквички;
- лук;
- сол;
- 50гр. моцарела (рендана).
Потребно време за подготовка на ова јадење е 35 минути.
Нутритивна вредност: калории 60; натриум 290мг (12%); масти 3гр. (5%); протеини 4гр. (8%); јаглехидрати 4гр. (1%); влакна 1гр. (4%).
Начин на подготовка:
Исечете ги тиквичките на кругови, посолете ги, додајте го исецканиот лук (или лук во прв) и ставете ги да се печат во рерна на 180⁰C, дваесетина минути. Потоа извадете ги тиквичките и врз нив додајте ја моцарелата. Вратете ги тиквичките во рерна додека моцарелата не се стопи. Кога моцарелата ќе биде стопена, извадете ги тиквичките и послужете.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.