Потребни состојки:
- 400гр. тестенини;
- 900гр. шери домати;
- 2 чешниња лук;
- маслиново масло;
- 230гр. пченка;
- 2 тиквички;
- 60гр. моцарела (опционално)
- босилек;
- буковец;
- сол.
Потребно време за подготовка на ова јадење е 40 минути.
Нутритивна вредност: калории 400; натриум 180мг. (8%); масти 13гр. (20%); протеини 13гр. (25%); јаглехидрати 58гр. (19%); влакна 5гр. (20%).
Начин на подготовка:
Во поголем сад на оган ставете ги тестените да се варат. Во посебен сад на средна температура, ставете малку маслиново масло и додајте ги чери доматите исецкани на пола и лукот и повремено мешајте околу 15-тина минути. Доколку користите свежа пченка сварете ја и оставете ја да се олади. Тиквичките исецкајте ги на коцки и ставете ги во тава на маслиново масло, на средна температура додека не омекнат. Во сад за печење додајте ги сварените макарони, доматниот сос и зеленчуците, свеж босилек и буковец. Посолете по желба. Доколку сакате може да додадете и моцарела.
Печете ги тестените 20-25 минути на 200⁰C
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.