Потребни состојки за згмечени печени компири:
- 600гр. компири (млади, ситни)
- маслиново масло
- магдонос
- сол и бибер
Потребно време за подготовка на ова јадење е 50 минути.
Нутритивна вредност: калории 160
Начин на подготовка:
Излупете и сварете ги младите компири, но внимавајте да не ги преварите и да не се распаднат. Кога ќе бидат сварени ставете ги во тава за печење. Посипете ги со маслиново масло, зачинете ги со сол и бибер. Згмечете ги благо, повторно внимавајќи да не се распаднат и печете ги 10-15 минути или додека не добијат златно-кафена боја. Кога ќе бидат готови, извадете ги од рерна и посипете ги одозгора со свеж магдонос.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.