Потребни состојки:
- 10 домати;
- 10 чешниња лук;
- маслиново масло;
- мајчина душица (свежа);
- оригано (свежо).
Потребно време за подготовка на ова јадење е 25 минути.
Нутритивна вредност: калории 130; натриум 20мг. (1%); масти 6гр. (9%); протеини 4гр. (8%); јаглехидрати 18гр. (6%); влакна 5гр. (20%).
Начин на подготовка:
Во сад исецкајте ги лукот, мајчината душица и ориганото . Додајте и малку маслиново масло и промешајте убаво. Доматите исечете ги на еднакви половини и полијте од смесата врз нив. Печете ги на 150⁰C, 20-тина минути.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.