Close Menu
Омниа
    Facebook X (Twitter) Instagram
    петок, мај 16
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    • Јога
    • Здравје
    • Личен развој
    • Духовност
    • Авантури и природа
    • Глобална свесност
    • Рецепти
    • Астрологија
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    Home»Јога»Патанџали – таткото на модерната јога
    Јога

    Патанџали – таткото на модерната јога

    omnia.mkBy omnia.mk04/11/2021Updated:15/01/2023Нема коментари6 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Патанџали - таткото на модерната јога
    Share
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Пред повеќе од дваесет века, во античка Индија, јогата веќе била широко распространета традиција. Имало многу форми, гранки и школи на јога, но Индија била подготвена за нов јогиски систем. Систем кој би бил ослободен од сите религиозни и културни аспекти, а се занимавал исклучиво со умот.

    Патанџали бил оној кој ја презел оваа огромна задача на себе. Тој составил и кодифицирал нов систем на јога во 195 афоризми кои ги нарекол „Јога сутри“. Сутрите ја формирале основата на Раџа јогата, осум-члената јога на Патанџали.

    Патанџали – интелектуалниот мајстор 

    Јоги, мајстор, интелектуалец, лингвист. Многу титули му биле доделени на Патанџали поради неговата извонредна моќ. Постои општ консензус дека Патанџали бил современик на Гаутама Буда.

    Постојат неколку мистични приказни за неговото раѓање и живот. Во некои традиции, Патанџали се смета за „самороден – просветлена душа која решила да живее како човек со намера да сподели знаење што ќе му користи на целото човештво. Хиндусите веруваат дека тој бил Аватар, реинкарнација на Адишеша – кралот на Нагас (митски полубожествени суштества кои се полулуѓе и половина кобра). 

    Она што е неспорно, е придонесот на Патанџали во јогиската наука. Неговите јога сутри не наликуваат на ниту еден текст некогаш создаден. Тие биле првите списи кои биле ослободени од книжевнo значење и културна традиција. Нивната длабочина и разбирање на животот, свеста и човечкиот ум не се споредуваат со ништо што некогаш било создадено.

    Половина човек – половина змија

    Патанџали често е претставен како половина човек, половина змија. Неговиот змиски аспект – кој секогаш се појавува завиткан три и пол пати – ја претставува енергијата на Кундалини. Се вели дека силната енергија останува заспана во нашето тело, чекајќи да се разбуди преку јогиската пракса.

    Виткањата на змијата имаат друга конотација. Тие ги претставуваат „компонентите на умот“ познати како гуни. Според јогиската теорија, сите ментални состојби и емоции се управувани од три компоненти на умот: чистота, активност и инерција – или sattva, rajas и tamas, соодветно на санскрит. Полувиткањето претставува повисоко ниво на свесност, познато како гунатита (gunatita). Гунатита се однесува на оние извонредни поединци кои го надминале влијанието на гуните.

    Се верува дека само оној кој ја разбудил и ја подигнал енергијата на кундалини, навистина може да го надмине влијанието на гуните и на тој начин да стане гунатита.

    Сликата на Патанџали е претставена како ракува со школка, меч и оружје што личи на диск, наречено чакра.

    Воините од античка Индија дувале празни школки за да ја најават битката. Во раката на Патанџали, школката претставува повик на лидерство, водејќи ги јогините да останат подготвени да се соочат со неизбежните неволји и препреки со кои ќе се соочи умот за време на јогиската пракса. Потсетник за вежбање со воинствена храброст, што ќе биде многу потребно кога ќе се соочите со себе.

    Мечот го претставува сечењето на егото. Концептот „јас“, кој е можеби последната пречка на патот кон ослободување.

    Чакрата го симболизира уништувањето на незнаењето преку труд. Неговата цел е да го обезглави ограниченото јас, давајќи му можност на вистинско јас да се појави.

    Неговата форма го симболизира и достигнувањето на единството. Да се остави рептилската природа зад себе и да се достигне состојбата на не-дуалност.

    Вовед во Јога Сутрите на Патанџали

    Постојат различни текстови кои ја опишуваат науката и филозофијата на јогата. Но, сутрите се меѓу најпознатите и најчитаните текстови од страна на јогите. Тие се најсистематската и најразбирливата презентација на јогата досега.

    Сутрите на Патанџали се напишани за сите луѓе без разлика на вера, пол и каста. Неговата намера била да создаде систем кој се занимава само со повисокото јас. Систем кој не наметнува никакви религиозни или ритуални аспекти, а кој всушност е компатибилен со сите вери.

    Тој ги подели Сутрите на четири поглавја или пади (pada) наречени самади (samadhi), садана (sadhana), вибути (vibhuti) и каивалија (kaivalya).

    Самади пада

    Самади пада содржи 51 учење, кои ја опишуваат целта на јогата и начините на кои може да се постигне состојба на суперсвест или самади. Патанџали објаснува дека просветлувањето може да се постигне само кога некој е способен да ги смири флуктуациите на умот.

    Садана пада

    Второто поглавје преку 55 учења – го опишува практичниот пристап за постигнување на целите на јогата. Патанџали ги претставува двете најважни техники: Крија јога – јога на дејствување – и Раџа јога осум-члената јога. Два системи кои водат до суперсвест.

    Вибхути пада

    Вибхути пада – која содржи 56 учења – ги објаснува многуте достигнувања и ментални моќи што може да се добијат со редовно вежбање јога. Патанџали потоа опишува како истите овие достигнувања можат да станат најголема пречка на патот кон суперсвеста. Потоа го опишува концептот на самјама, напредна ментална состојба со која можеме да го отстраниме длабоко вкоренетото незнаење на ограниченото јас.

    Каивалија пада 

    Последните 34 учења се занимаваат со суперсвеста. Патанџали ја опишува природата на свеста, начинот на кој е конструиран умот и како ја сместува светлината на себството. Тој, исто така, го објаснува исходот на просветлувањето и разликата помеѓу „ограниченото јас“ и „универзалното јас“. Терминот kaivalya значи „изолиран“. Изолацијата во оваа смисла го карактеризира единството. Длабока реализација на единството каде што нема разлика меѓу себе и другите.

    Јогата е „Citta Vritti Nirodhah“ 

    Патанџали славно ја опиша јогата со една фраза – Citta Vritti Nirodhah, што во превод значи „Јогата е ограничување на флуктуациите на умот“. Тој илустрирал дека со практикување на јога, човек може да достигне суперсвест и единство со отстранување на петте флуктуации на умот: валидно сознание, заблуда, имагинација, сон и меморија.

    Понатаму, тој објаснува дека со ослободување на умот од овие пет флуктуации, може да се препознае природата на вистинското јас, што е крајната цел на јогата. Оставањето на флуктуациите неограничени е еквивалентно на доброволно страдање низ неизбежните подеми и падови на животот.

    Во Раџа јогата, зборот „воздржи“ не значи да се присилува умот. Тоа се однесува на „реконструирање“ на умот преку континуирано практикување јога.

    УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
    Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

    Индија јога јога сутри медитација Патанџали спиритуалност
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Previous ArticleАнксиозност – како да си помогнете?
    Next Article 10 цитати за манифестирање на вашите мисли и соништа
    omnia.mk

    Related Posts

    Како да се ослободиш од негативни мисли и емоции?

    20/09/2024

    Пренатална јога: Подгответе го телото за бременоста

    09/09/2024

    Медитација и јога во природа: Придобивки, совети и најдобри места во Македонија

    25/05/2024

    Comments are closed.

    Омниа.мк
    info@omnia.mk
    контакт телефон +389210180
    Copyright © 2023 Omnia.mk

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.