Потребни состојки:
- паста (шпагети или макарони по избор);
- 3 домати (сецкани);
- 100гр. каламата маслинки;
- 80гр. фета сирење;
- свеж босилек;
- магдонос;
- сол и бибер;
- маслиново масло;
- 2 чешниња лук (ситно сецкани).
Потребно време за подготовка на ова јадење е 30 минути.
Нутритивна вредност: калории 690; натриум 520мг (22%); масти 28гр. (43%); протеини 19гр. (37%); јаглехидрати 91гр. (30%); влакна 5гр. (20%).
Начин на подготовка:
Во поголем сад ставете ги исецканите домати, фета сирењето, исецканите маслинки, магдоносот и свежиот босилек. Зачинете со сол и бибер. Ставете го садот во фрижидер да се олади додека ја варите пастата.
Одберете по желба шпагети или макарони и кога ќе ги сварите, исцедете ги и измијте ги со ладна вода. Во длабок сад на оган загрејте го маслиновото масло и додајте го ситно сецканиот лук. Пропржете неколку минути и додајте ја пастата.
За крај извадете го садот со зеленчук од фрижидер и додајте ја пастата. Промешајте убаво и послужете.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.