Првата половина на 20-тиот век бил период на големи немири и превирања во светот. Светот поминал низ две светски војни и бил сведок на историски борби против колонијализмот. Тоа бил период кога светот ги претрпел деструктивните последици од човечката алчност. Поради тоа, прашањата за морал, емпатија и љубезност кај луѓето биле доведени под знак прашалник. Било потребно да се врати вербата во човештвото. На светот му требала исцелувачка енергија и духовно водство. Времето било зрело за безусловна љубов и духовните учења на Парамаханса Јогананда.
Поминаа скоро седум децении откако Парамаханса Јогананда достигна махасамади – напуштање на телото по сопствена волја. Сепак, неговите учења и пораки се порелевантни и популарни денес од кога било досега. Тој продолжува да биде инспирација за сите. Неговите учења се извор на светлина, надминувајќи ги границите на расата, културата и верата, кон самореализација.
Оформувачките години на Парамаханса Јогананда
Мукунда Лал Гош, роден на 5 јануари 1893 година, во богато бенгалско семејство, немал нормално детство. На вродената духовност во него потребна му била само погодна средина за да истата излезе на површина. Дури и на млада возраст, тој се чувствувавал како дома меѓу јоги, светци и стотици и илјадници ученици. Го апсорбирал знаењето како сунѓер, секогаш сакајќи да научи повеќе и уживал во присуството на духовни семинари и верски говори. Духовната длабочина и самосвесноста на момчето ја забележувале оние околу него.
Младиот Мукунда бил предодреден да стане голем јогин. Во детството, мајката на Мукунда барала благослов од Лахири Махасаја (духовниот учител кој ја популаризирал Крија Јога во Индија) за нејзиниот син. Откако го благословил детето, Махасаја и рекол на мајката дека младиот Мукунда ќе порасне и ќе стане јоги и голем духовен водач кој ќе води многу души кон вратите на самореализација.
Како што Мукунда растел, духовната искра во него станала само посветла. Како млад, тој барал јоги, светци и мудреци кои би можеле да го водат да ги открие длабочините на индиската филозофија и духовност. Неговата потрага завршила кога на деветнаесет годишна возраст го запознал својот гуру, Свами Шри Јуктешевар Гуру. Тој ја поминал следната деценија со него, во подготовка за она што следело.
Неговиот гуру наскоро сфатил дека Мукунда не е обичен млад човек. Па затоа тој го избра Мукунда за да ја шири Крија јогата на запад. На многу рана возраст, непосредно по дипломирањето, Мукунда се заветил да биде монах и го добил името Јогананда, што значи „блаженство преку божествената заедница“. Така Парамаханса Јогананда започнал да му служи на Бога. Тој ширел љубов и ја доближувал крија јогата до секој агол на светот.
Почеток на патувањето
Првиот голем чекор на Јогананда за промовирање на јогата и духовност било формирање на училиште во Ранчи. Покрај формалната академска програма, на студентите им биле предавани и вежби за спиритуалност и јога. Училиштето било основано во палата во Ранчи, која била подарена од Махараџа во Касимбазар. Години подоцна, Махатма Ганди ќе го посети и многу ќе го пофали училиштето.
Клучната фаза на неговото духовно патување започнала во 1920 година за време на една визија која се случила при медитација. Преку таа визија на Јогананда му било советувано да го започне патувањето што ќе ја исполни неговата животна цел, да ги шири своите учења на запад.
Истовремено, и поголемите сили работеа на тоа да му го олеснат неговото патување. Јогананда бил поканет да присуствува на Меѓународниот Конгрес на верските водачи во Бостон. Пред да замине, Јогананда се сретнал со својот Гуру, кој му рекол дека сите пречки се расчистени, и дека е дојдено времето да ја исполни својата мисија.
Првиот говор на Јогананда за науката за религијата на Меѓународниот конгрес на верските либерали, пред огромна публика – составена од филозофи, политичари, реформатори и верски водачи од целиот свет – била примена со голем ентузијазам. До крајот на 1920 -тите, семето се сееше за да ја шири духовноста, науката и филозофијата на Индија.
Јогананда ги поминал следните три години на источниот брег, учејќи и предавајќи на голема публика. Во 1924 година, тој ја започнал својата духовна турнеја кон запад, патувајќи од град во град, воодушевувајќи ги најдобрите умови на Америка со своите идеи и говори. По пристигнувањето во Лос Анџелес, Јогананда формирал ашрам на врвот на планината Вашингтон, кој служел како меѓународно седиште на Програмата за само-реализција.
Јогананда ги поминал следните десет години низ земјата, одржувајќи предавања во некои од најголемите аудиториуми во земјата. Публиката била воодушевена од неговите говори и честопати биле видно трогнати од она што Јогананда имал да го каже. Пишувајќи за неговото предавање во Аудиториумот на Филхармонија, Лос Анџелес Тајмс објави дека на илјадници посетители им бил одбиен влез бидејќи салата за предавања била преполна. Немало ниту едно слободно место достапно во аудиториум што можел да собере 3000 лица.
Порака за универзална љубов и братство
Во своите предавања, Јогананда ги истакнувал заедничките карактеристики меѓу главните верски филозофии во светот. Неговиот пристап бил единствен и влијателен поради неговата универзална привлечност.
Јогананда ги учел како да се доживее Божественоста преку метод што секој, без оглед на раса, вера или култура, може да го прифати. Тој ги учел дека секој поединец има капацитет да ја искуси Божественоста преку самореализација – со познавање на вистинското јас што го вклучува телото, умот и душата.
За Западот, неговите учења биле нови и револуционерни. Наместо да ја користел религијата за да ја спознае божественоста, Јогананда ја промовирал идејата за доживување на божественоста преку нурнување во својата подлабока свест. Тој, исто така, се залагал за подобро разбирање и заемно почитување помеѓу филозофиите и луѓето од Западот и Истокот.
Тој никогаш не вратил некого. Оние кои биле подготвени целосно да се посветат, да се потрудат и да го следат учењето на Јогананда биле примени и го научиле системот на Крија Јога. Се проценува дека за време од триесет години, колку што Јогананда поминал на Запад, повеќе од 100.000 студенти биле иницирани во Крија Јога.
Неговите учења привлекувале многу познати личности од различни области, вклучувајќи уметност, бизнис, политика и многу повеќе. Говорите на Јогананда инспирираа многумина кои бараа безусловна љубов, самореализација и духовно водство.
Во 1927 година, неговата „популарност“, му донесе покана во Белата куќа, каде што бил официјално примен од претседателот Калвин Кулиџ. Две години подоцна, бил срдечно пречекан од д -р Емилио Портес Гил, претседател на Мексико, кога Јогананда ја посетил земјата за да го пренесе своето учење.
Едногодишна посета во Индија
Во средината на 1930-тите, Јогананда ја посетил својата татковина за да се сретне со својот гуру. Тоа била неговата последна средба со гуруто, кој ќе почине само неколку месеци подоцна. Пред неговото умирање, неговиот гуру му ја дал на Јогананда титулата Парамаханса, титула резервирана за оние кои постигнале самореализација.
Во текот на таа година, Парамаханса Јогананда патувал низ цела Индија држејќи предавања и предавајќи Крија Јога. Во овој период, тој исто така се сретнал со истакнати духовни водачи како Анандамаи Ма, Рамана Махарши и Махатма Ганди.
За време на престојот во Индија, Парамаханса Јогананда, исто така, формирал постојано седиште за Друштвото Јогода Сатсанг во Дакшинесвар, Западен Бенгал. И денес истото продолжува да работи со бројни центри за медитација, ашрами и училишта, промовирајќи образование, спроведувајќи добротворни активности и ширејќи ги учењата на Парамаханса Јогананда.
По враќањето во Соединетите држави, Парамаханса Јогананда работел на формирање нови центри во многу градови. Тој, исто така, создал курс врз основа на неговите упатства и часови, кој бил наречен „Лекции за самореализација“ кои биле достапн за секој што сака да ја научи филозофијата и техниката на Крија Јога.
Доцните години и Махасамади
Со текот на времето, Јогананда повеќето од времето го поминувал во пишување. Работел на неколку проекти, вклучувајќи ги и коментарите за четирите евангелија и Бхагавад Гита. Тој, исто така, ревидирал некои од неговите претходни дела што ги вклучувале лекциите за самореализација.
Јогананда размислувал за иднината на неговата организација без него. Неговите најблиски ученици биле подготвени за работата што требала да се преземе откако тој ќе замине. Организацијата требала да продолжи со работа и тие биле обучени да ја наследат мисијата.
На 7 март 1952, во хотелот Билтмор, бил организиран мал банкет во чест на индискиот амбасадор во САД. Кратко откако го одржал својот говор на банкетот, Парамаханса Јогананда влегол во Махасамади.
Чудото по Махасамади
По Махасамади, телото на Парамаханса Јогананда било балсамирано – како што се прави во одредени традиции на индиските гуру – и сочувано некое време, за да можеле неговите ученици да му оддадат почит. Во писмо од директорот на мртовечницата во Лос Анџелес, Хари Т. Роу, било наведено дека немало видливо распаѓање или физичко распаѓање на телото на Јогананда, дури и 20 дена од неговата смрт. Роу понатаму додадал дека таквото совршено зачувување по толку долг период е неспоредливо и никогаш порано не било видено.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.