Потребни состојки:
- 150гр. палента
- 200мл кокосово млеко
- 300мл вода
- сончогледово масло
- 1 кромид
- 200гр. печурки
- 2 главици лук
- 2 лажици соја сос
- 60гр. спанаќ
Потребно време за подготовка на ова јадење е 15 минути.
Нутритивна вредност: калории 270; натриум 1060мг. (44%); масти 20гр. (31%); протеини 9гр. (18%); јаглехидрати 20гр. (7%); влакна 6гр. (24%)
Начин на подготовка:
Ставете ја водата да зоврие и додајте го кокосовото млеко. Потоа додадете ја палентата со постојано мешање за да не се створат грутки. Варете неколку минути додека не згусне.
Во тава на тивок оган додајте масло и пропржете го ситно сецканиот кромид и лук, додајте ги печурките додека не поруменат. Потоа додајте го спанаќот, пропржете уште неколку минути додека не омекне убаво.
Сервирајте ја палентата заедно со печурките и спанаќот.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.