Потребни состојки за ориз со авокадо:
- 500гр. сварен кафеав ориз;
- 2 авокада;
- сок од зелен лимон;
- ¼ лажичка кумин;
- 1 чешне лук;
- сол и бибер.
Потребени време за подготовка на ова јадење е 25 минути.
Нутритивна вредност: калории 390; натриум 180мг. (8%); масти 16гр. (25%); протеини 6гр. (12%); јаглехидрати 61гр. (20%); влакна 11гр. (44%).
Начин на подготовка:
Излупете го авокадатото и изгмечете го во голем сад. Додајте го сокот од зелениот лимон, куминот, исецканиот лук и зачинете со сол и бибер. Додајте го сварениот ориз и промешајте убаво. Почекајте да се олади и послужете.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.