Потребни состојки:
- 300гр. тофу;
- 6 лажици соја сос;
- 1 лажичка шеќер;
- 250гр. оризови нудли;
- маслиново масло;
- 2 чешниња лук;
- 1 чили пиперче;
- сок од половина лимон;
- коријандер.
Потребно време за подготовка на ова јадење е 40 минути.
Нутритивна вредност: калории 222; натриум 1370мг. (57%); масти 11гр. (17%); протеини 8гр. (16%); јаглехидрати 23гр. (8%); влакна 1гр. (4%)
Начин на подготовка:
Во сад ставете 4 лажици соја сос и 1 лажичка шеќер. Убаво промешајте и додајте го внатре, тофуто исечено на коцки убаво да упие. Потоа на грил тава, печете го тофуто од двете страни додека убаво не порумени. Кога ќе биде готово оставете го да се олади.
Во меѓувреме ставете ги оризовите нудли да се варат.
Исецкајте го ситно лукот и чили пиперката. На тава со маслиново масло пропржете ги, па потоа додадете 2 лажици соја сос и сокот од лимон.
Сосот заедно со претходно сварените нудли и тофуто ставете ги во сад и убаво промешајте. Додадете свеж исецкан коријандер одозгора.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.