Close Menu
Омниа
    Facebook X (Twitter) Instagram
    сабота, мај 17
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    • Јога
    • Здравје
    • Личен развој
    • Духовност
    • Авантури и природа
    • Глобална свесност
    • Рецепти
    • Астрологија
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    Home»Јога»Општи „правила“ при практикување на асани
    Јога

    Општи „правила“ при практикување на асани

    omnia.mkBy omnia.mk16/08/2018Updated:06/02/2023Нема коментари4 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    асани
    Share
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    1. Квалитетите кои се бараат од практикантот при изведба на асани се дисциплина, верба, издржливост и упорност да се практикува редовно без прекинувања.

    2. Пред да се започне со изведба на асаните, треба да се испразнат мочниот меур и цревата. Положбите со инверзии помагаат во празнење на цревата. Ако практикантот има констипација или не е во можност да ги испразни цревата пред изведба на асаните, тогаш треба да се почне со сарвангасан, ширшасан и нивните варијации. Изведувајте ги другите асани по празнењето. Никогаш не изведувајте сложени асани доколку вашите црева не се испразнети.

    3. Асаните се изведуваат полесно по туширање. Исто така, петнаесетина минути по завршување со изведбата на асаните треба да се истуширате. Туширањето пред и по изведбата на асаните го освежува умот и телото.

    4. Асаните по можност треба да се практикуваат на празен стомак. Ако ова е тешко, тие може да се изведат без нелагодност еден час по лесен оброк. Дозволете да поминат најмалку 4 часа по обилен оброк, пред да практикувате асани. Половина час по завршување со изведбата на асаните можете да јадете.

    5. Најдоброто време за изведба на асани е рано наутро или доцна навечер. Изведувањето на асаните наутро е потешко затоа што телото е здрвено. Умот од друга страна е сè уште свеж, но, будноста и одлучноста се намалуваат како поминува денот. Здрвеноста се надминува со редовна пракса. Навечер изведбата на асаните е полесна затоа што телото е веќе раздвижено. Праксата наутро помага со обврските во текот на денот, додека праксата навечер не освежува и смирува.

    6. Асаните треба да ги изведувате на чисто, проветрено место, каде што нема инсекти и бучава.

    7. Не ги изведувајте асаните на под или на нерамно место. Секогаш имајте простирка или свиткано ќебе под вас.

    8. Не треба да чувствувате никаков притисок на фацијалните мускули, очите, ушите или при дишењето додека вежбате.

    9. На почетокот држете ги очите отворени. Така ќе знаете доколку правите нешто погрешно. Откако ќе ја совладате положбата, може да вежбате со затворени очи.

    10. При изведбата на асаните, активно треба да биде само телото додека умот треба да биде буден но пасивен, да набљудува.

    11. Дишењето во асаните треба да биде секогаш преку носот и никогаш преку уста.

    12. Не го задржувајте воздухот при изведбата на асани, освен кога тоа не е потребно и изречно напоменето.

    13. По завршување со изведбата на асаните секогаш легнете во шавасана најмалку 10-15 минути да се ослободите од заморот.

    14. Не ја започнувајте вашата пракса со ширшасан (стој на глава) или сарвангасан (свеќа) ако патите од висок крвен притисок. Пред да почнете со инверзии вежбајте пашчимотанасан, или утанасана и по изведбата на инверзиите повторете ги пашчимотанасан и утанасан. Сите асани со свиткување нанапред се поволни за лица што патат од висок или низок крвен притисок.

    15. За време на менстуралниот циклус треба да се избегнуваат инверзиите.

    16. Сите асани може да се практикуваат во првите три месеци од бременоста. Асаните со свиткување нанапред може да се практикуваат со благи движења за да се зацврсти ’рбетот, но да нема притисок врз абдоменот. Пранајама без задржување (кумбака) на воздухот треба да се практикува низ целата бременост бидејќи ќе помогне значајно при породувањето.

    17. По породување првиот месец не треба да се практикуваат асани. Понатаму треба да се започне со благо практикување и пократки изведби.

    18. Погрешната изведба на асаните предизвикуваат непријатност и нелагодност. Тоа треба да ви укаже дека правите нешто погрешно. Ако не можете сами да ја пронајдете грешката, консултирајте се со учител или некој практикант што вежба јога подолго време.

    УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
    Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

    асани изведба јога правила пракса
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Previous ArticleЈога хигиена – техника џала нети
    Next Article Антармона – „внатрешна тишина“
    omnia.mk

    Related Posts

    Секојдневна јога пракса: Што се менува кога не се откажуваме од себе?

    16/05/2025

    Пренатална јога: Подгответе го телото за бременоста

    09/09/2024

    Медитација и јога во природа: Придобивки, совети и најдобри места во Македонија

    25/05/2024

    Comments are closed.

    Омниа.мк
    info@omnia.mk
    контакт телефон +389210180
    Copyright © 2023 Omnia.mk

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.