Со зголемувањето на стресот на работното место ширум светот, станува многу важно да научиме како ефективно да ја постигнеме таа често неостварлива „рамнотежа помеѓу работата и животот“. Опуштање после работа станува сè потешко со ширењето на технологиите и социјалните медиуми, а сепак нашата потреба за релаксација во исто време расте идентично брзо. И покрај обврските на работа, мораме да најдеме начини како да се опуштиме по завршување на работното време.
Постојат бројни причини да се објасни зошто работата ни е извор на стрес. Од притисоци и конфликти со шефовите и соработниците, до долгите часови, тешкиот обем на работа и организациски промени. За многумина дополнителен притисок е и дали ќе успеат да ја задржат работата. Ефектите на стресот се исто толку распространети. Знаците и симптомите вклучуваат замор, проблеми со кожата, мускулна напнатост, гастроинтестинални проблеми и несоница. Овие знаци се само неколку од начините на кои се манифестира стресот. Бидејќи умот и телото се толку длабоко поврзани, стресот влијае на сите аспекти на нашето битие, влијаејќи на благосостојбата на умот, телото и духот.
Начини за релаксирање после работа
Да научиме како да се реласираме по работниот ден е свесен чин на грижа за себе. Нашите вообичаени мисли и однесувања се доведуваат во прашање кога ќе станеме повнимателни за линијата што ја повлекуваме помеѓу работата и нашиот личен живот. Оваа свесност не става во позиција поефикасно да управуваме со нашата благосостојба.
Иако можеби изгледаат како едноставни техники, свесното применување на некои од следните активности може да ни помогнат за опуштање после работа, да се ослободиме од стресот од и да станеме поприсутни во животот.
1. Истражувајте нови активности и хобија
Релаксирајте се по завршување со работа, со активности кои ви помагаат за вашата благосостоја. Овие активности може да бидат било какви, од вежбање, до читање добра книга, слушање смирувачка музика итн. Доколку се одлучите за вежбање, погрижете се да не биде непосредно пред спиење.
2. Претворете го вашиот дом во светилиште
Направете го вашиот дом место каде што ќе уживате во мир и релаксирачка атмосфера. Пуштете релаксирачка музика, запалете миризливи свеќи. Одберете го вашето омилено ќоше во домот и земете перничиња, книги и топли ќебиња и други предмети кои ви помагаат да е опуштите, како музички инструмент или можеби јога простирка.
3. Завршете ги обврските веднаш штом ќе дојдете дома
Ако има задачи после работа што треба да ги завршите во подобро заврштете ги веднаш и тргнете ги од ум, пред да си посветите време за вас во вашето домашно светилиште. Вашиот ум полесно ќе се опушти кога ќе знае дека „задолжителните работи“ се завршени.
4. Исклучете ги електронски уреди
Нашата поврзаност со работното место стана посилна во последниве години поради технолошката ера во која живееме. Без разлика дали преку социјалните мрежи или преку работната е-пошта, ние постојано сме поврзани со нашите соработници и работното место. За да помогнете во отплеткувањето на јазлите поради кои постојано размислуваме за работата, исклучете ги телефоните и компјутерите (особено работните) за повнимателно да се вклучите во сегашниот момент.
5. Внимавајте што јадете и пиете
Намалувањето на внесот на стимулирачки пијалоци и храна како што се кафе, чај и чоколадо помага да се опушти и телото и умот. Со оглед на тоа што алкохолот ги прекинува деноноќните ритми, треба да се намали и внесот на алкохолни пијалоци за да се поттикне подлабок сон. Наместо стимулативни пијалоци, размислете да вклучите чаеви без кофеин – како камилица или нане – во вашата ноќна рутина.
6. Направете ја и оставете ја листата за работа на работа
На крајот од работниот ден, направете листа на задачи за следниот ден и оставете ја таму. Подготовката за она што доаѓа ќе ви помогне да сфатите дека нема што да направите додека не се вратите на вашето биро. Овој вид на планирање ќе ви ја олесни способноста да се ослободите штом ќе излезете од канцеларија (или од други работни средини).
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.