Ом нама шиваја е една од најпознатите хинду мантри и е широко употребувана низ целиот свет. „Om namah shivaya“ значи „О пофалби за успешниот“ или „обожување на Бог Шива“. Мантрата е поздрав до богот Шива, еден од трите основни божества на хиндуизмот. Оваа мантра исто така се вика „Siva Panchakshara“ или едноставно „Panchakshara“ што значи „мантра со пет слогови“ (не вклучувајќи го ОМ).
Според хиндуистичката митологија, постојат три богови кои заедно го претставуваат Врховното Божество: Брахма – творецот, Вишну – чувателот и Шива – уништувачот. Иако Шива се смета за уништувач, тој, исто така, го симболизира внатрешното Јас, кое останува недопрено. Во оваа мантра практикантот се поклонува на Шива, или на Вистинското Себство.
Во јога, оваа мантра се пее за време на медитација, со цел да помогне во реализацијата на внатрешното Себство. Мантрата ги поседува квалитетите на молитвата, божествената љубов, вистината и блаженството.
Структура на мантрата
Мантрата е составена од пет елементи:
- звукот „Na“ ја претставува Земјата
- звукот „Ma“ претставува вода
- звукот „Śi“ претставува оган
- звукот „Vā“ претставува воздух
- звукот „Ya“ претставува небо или етер
Целосното значење на мантрата е дека „Универзалната свест е една“.
Значење на мантрата
Звукот „Na“ ја означува муладара чакра или коренската чакра, основата што ја отелотворува земјата и цврстината. Оваа чакра се поврзува со стравот, опстанокот и сигурноста. Се наоѓа во основата на ‘рбетот помеѓу анусот и гениталиите.
Звукот „Ма“ се издига до втората чакра, свадиштана чакра, која е претставена со елементот вода и е поврзана со сексуалноста, креативноста, интимноста и себеприфаќањето. Таа се наоѓа веднаш под папокот.
Звукот „Си“ се издига до третата чакра, манипура чакра , која се наоѓа во соларниот плексус. Елементот е оган и е поврзана со егото, самопочитувањето и самодовербата, волјата и одлучноста.
Звукот „Ва“ се издига малку погоре до четвртата чакра или срцевата чакра – анахата. Елементот е воздух. Оваа чакра е поврзана со безусловна љубов, сочувство, прифаќање, простување и радост.
Звукот „Ya“ резонира во петтата чакра или грлената чакра – вишуди. Елементот на оваа чакра е етерот или просторот. Оваа чакра е поврзана со нашата комуникација, автентичноста на изразот и со способноста да умееме вербално да ја пренесеме нашата внатрешна вистина.
Зборовите од мантрата исто така означуваат:
- Na – скриената милост на Бог;
- Mah – светот;
- Si – Шива;
- Va – откриената милост на Бог;
- Ya – атман или душа;
Начин на изведба
Не постојат ритуали или церемонии кои се вклучени при изведување на мантрата. Мантрата се пее или рецитира на глас или се повторува ментално во себе. Потребно е само да бидете фокусирани и сконцентрирани на зборовите на мантрата. Повторувањето на мантрата одновно и одново води до поголема и подлабока концентрација. Традиционално, мантрата се повторува 108 пати, додека во раце се држи бројаница, наречена мала. Оваа практика се нарекува џапа медитација.
Придобивки од мантрата
Повторување на мантрата води кон трансцендентална состојба. Мантрата има огромно значење, бидејќи ги лекува токсичните емоции и мисли акумилирани во текот на животот. Со повторување на мантрата се испраќа позитивна енергија во космосот, која се враќа назад.
Оваа мантра има квалитети на молитва и е поврзана со божествена љубов, благодет, вистина и блаженство. Кога се мантра правилно, го смирува умот и носи духовен увид и знаење. Традиционално се користи за лекување на сите видови физички и ментални болести. Повторувањето на оваа мантра му дава мир на срцето и радост на Атман, односно индивидуалната душа. Многу хинду учители сметаат дека рецитирањето на овие слогови е звучна терапија за телото. Природата на мантрата е повикување на повисокото Јас, односно повикување на Шива.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.