Оксидативниот стрес е нерамнотежа помеѓу слободните радикали и антиоксидансите во вашето тело. Слободните радикали се молекули што содржат кислород со непарна бројка на електрони. Непарниот број им овозможува лесно да реагираат со другите молекули. Слободните радикали можат да предизвикаат хемиски реакции во вашето тело затоа што тие реагираат лесно со другите молекули. Овие реакции се нарекуваат оксидација. Тие можат да бидат корисни или штетни.
Антиоксидансите се молекули кои можат да донираат електрон во слободен радикал без да станат нестабилни. Ова предизвикува слободниот радикал да се стабилизира и да стане помалку реактивен.
Ефекти на оксидативен стрес врз телото
Оксидацијата е нормален и неопходен процес што се одвива во вашето тело. Оксидативниот стрес, од друга страна, се јавува кога постои нерамнотежа помеѓу активноста на слободните радикали и антиоксидантната активност. Кога функционираат правилно, слободните радикали можат да помогнат во борбата против патогените микроорганизми, кои доведуваат до инфекции.
Кога има повеќе слободни радикали од антиоксиданси со кои што можат да направат рамнотежа, тие можат да започнат да прават оштетувања на масното ткиво, ДНК и протеините во телото. Протеините, липидите и ДНК сочинуваат голем дел од вашето тело, така што оштетувањето може да доведе до огромен број на болести со текот на времето. Како на пример: дијабетес, атеросклероза, воспалителни состојби, висок крвен притисок (хипертензија), срцеви болести, невродегенеративни заболувања, малигни заболувања итн. Оксидативниот стрес исто така придонсува за побрзо стареење.
Кои се ризик фактори?
Секој произведува слободни радикали природно во своето тело преку процеси како вежбање или преку воспаленија. Ова е нормално и е дел од сложениот систем на тело да се одржува здраво.
Можеме да бидеме изложени на слободни радикали во животната средина. Некои извори се: озон, одредени пестициди и средства за чистење, чад од цигари, радијација, загадување итн. Исхраната богата со шеќери, маснотии и алкохол може да придонесе за производство на слободни радикали.
Справување со и спречување на оксидативниот стрес
Невозможно е целосно да го избегнете изложувањето на слободни радикали и оксидативен стрес. Сепак, постојат работи што можете да ги направите за да ги минимизирате ефектите од оксидативниот стрес врз вашето тело. Главната работа што можете да ја направите е да ги зголемите вашите нивоа на антиоксиданти и да го намалите формирањето на слободни радикали.
Еден метод за спречување на оксидативниот стрес е да се осигурате дека внесувате доволно антиоксиданти во вашата исхрана. Конзумирањето на најразлични овошја и зеленчук е најдобриот начин да му обезбедите на вашето тело она што му е потребно за производство на антиоксиданти. Примери на овошје и зеленчук вклучуваат: боровинки, цреши, цитрусни овошја, суви сливи, зелести зеленчуци, брокула, моркови, домати, маслинки,
Други извори на антиоксиданти вклучуваат: риба и јаткасти плодови, витамин Е, витамин Ц, куркума, зелен чај, мелатонин, кромид, лук, цимет.
Секојдневни навики за намалување на оксидативниот стрес
Вежбајте редовно и умерено – ова е поврзано со повисоки нивоа на антиоксиданси и намалување на нивоата на оксидативниот стрес. Редовното вежбање е поврзано со подолг животен век, со намален ризик од карцином и заболувања.
Не пушете – избегнувајте да бидете во зачадени простории
Бидете претпазливи со хемикалиите – овде ги вклучуваме хемикалиите за чистење, избегнување на непотребно изложување на зрачење и свесност за изложување на други видови хемикалии како што се пестициди кои се користат во храна или градинарство.
Бидете еколошки свесни – иницијативите кои се пријателски за околината, како што е одење на работа со ист автомобил, повеќе луѓе помага во намалување на слободните радикали, за вас и за заедницата.
Користете заштитен фактор – тој спречува ултравиолетовите зраци да ја оштетат вашата кожа.
Спијте доволно (7- 8 часа) – спиењето е многу важно за одржување на рамнотежа во сите ситеми на телото. Фукнцијата на мозокот, производството на хормони, рамнотежата помеѓу антиоксидансите и слободните радикали и многу други процеси во организмот зависат од спиењето.
Не се прејадувајте – прејадувањето и постојаното јадење го држат вашето тело почесто во оксидативен стрес отколку ако јадете во соодветно распределини интервали или мали или умерени порции.
Сè што треба да знаеме
Додека слободните радикали и антиоксидансите се дел од природното и здравото функционирање на вашето тело, оксидативниот стрес се јавува кога слободните радикали и антиоксиданти се надвор од рамнотежа. Оксидативниот стрес може да предизвика оштетување на многу ткива, што со текот на времето може да доведе до голем број на болести.
Додека не можете целосно да ja избегнете изложеностa на слободни радикали, можете да направите избори за начин на живот во врска со исхраната, вежбањето и околината за да го одржите вашето тело во рамнотежа и да спречите оштетување и заболување.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.