Живееме во култура која не е многу наклонета за духовено растење. Негувањето, хранењето и исцелувањето на душата станаа исклучително предизвикувачки во доба што сè повеќе се приклонува кон материјализмот и комерцијализмот. Од многуте начини да се одржува душата нахранета, одржливо живеење уште наречено и зелено живеење можеби е најлесниот и најефективниот начин.
Одлуката да живеете во духот на одржливоста не ѝ помага само на околината, туку може и да го подобри вашето духовно здравје. Може да се чувствувате многу подобро во однос на вашето физичко и духовно здравје кога ќе направите неколку зелени промени за поодржлив живот. Малку е напишано и истражувано за тоа како одржливото живеење е поврзано со духовното здравје, но сепак, се верува дека телото, природата и духот се поврзани. Пред да воспоставиме врска помеѓу одржливото живеење и духовното здравје, важно е да објасниме што подразбираме под овие термини.
Одржливо живеење
Одржливо живеење, уште наречено и зелено живеење, е начин на живот кој се обидува да го намали користењето на природните ресурси на Земјата од страна на поединецот. Тоа е исто така обид да го намалиме нашиот јаглероден отпечаток со менување на нашите избори и начини на транспорт, потрошувачка на енергија и исхрана. Одржливото живеење е начин на живот кој е природно избалансиран, во согласност со одржливоста и во однос на нашата симболична врска со екосистемот на Земјата.
Духовно здравје
Духовното здравје е прашање кое вклучува лични вредности и верувања кои даваат цел на животот. Со години, патот до духовното здравје вклучува медитација, молитва или духовна пракса. Но, во последно време многу луѓе се движат кон по одржливо живеење каде што се чувствуваат повеќе поврзани со природата и планетата. Ова им помага да се поврзат со сите работи во животот. Исто така, гарантира дека нема да се изгубите во фрагментираниот и материјалистички начин на живеење.
Духовното здравје не е трансценденција или бегство од животот, тоа е состојбата на ангажирање и присуство во светот каде што ја почитувате вашата врска со сите нешта, мисли, чувства и постапки.
Дали двете се поврзани?
Кој од нас не почувствувал барем еден симптом на стрес во изминатиот месец? Па дури можеме да одиме дотаму да речеме во изминатава недела. Со оглед на тоа што толку многу луѓе сега страдаат од проблеми со менталното здравје, вклучително и стрес, промената кон одржливо живеење е задолжително за нашето емоционално, физичко и духовно здравје.
Иако често не го сфаќаме тоа, одржливото живеење е нераскинливо поврзано со духовното здравје. За да ја истакнеме оваа врска, ќе презентираме некои од начините на кои одржливoто живеење може да помогне во вашето духовно здравје.
Наоѓање смисла и цел во животот
Природата го надополнува животот со смисла, цел и вредност. Одржливото живеење е начин на живот кој се фокусира на природата, животната средина, природниот екосистем и неговото зачувување. Додека наидуваме на нешто значајно во животот, се чувствуваме како дел од оваа намерна и вредна меѓусебно поврзана мрежа на живот на планетата.
Тоа ни помага да препознаеме дека нашите животи не се ограничени на приватни постапки, однесување и искуства. Тоа е затоа што ние сме суштински поврзани со мрежата на животот на Земјата. Оваа внатрешна врска е присутна поради духовноста, што може да биде надополнета само кога ќе преминеме на начин на живеење што го нарекуваме одржлив.
Духовна свесност
Одржливото живеење е континуирана можност да се практикува духовна свесност. Компостирање, рециклирање, поправка, повторна употреба, еколошки шопинг, заштеда на вода и енергија и други еколошки дејствија се сите дела на духовно внимание. Тоа ни дава чувство на одговорност што може да ја излечи духовната празнина на нашите секојдневни животи.
Таков степен на свесност во нашите животи го одредува и нивното значење. Одржливото живеење, исто така, ни помага да ги поедноставиме нашите животи и да дадеме приоритет на она што е важно за нас, за нашите семејства, заедницата и целокупната планета. Ова чувство на одговорност за себе и за планетата нè просветлува да се придвижиме кон повеќе дејствија погодни за Земјата.
Лично исцелување
Некои од нашите најдлабоки лични исцелувања се случуваат кога се поврзуваме со природниот свет. Она што ја инспирира оваа врска и исцелувањето е нешто лично за нас. Ова ги поврзува нашите души со душата на Земјата. Моментот на поврзување и исцелување е различен за секој човек – некои го наоѓаат во розовиот сјај на зората, некои во ситните цветови, додека други го доживуваат во нежен момент со некое суштество.
Тоа се моменти кои имаат исцелителна моќ, но желбата да бидеме исцелени од природата додека ние постојано ѝ нанесуваме штета, едноставно не може да доведе до вистинско исцелување.
Усвојување на потрошувачките вредности и напуштањето на духовните практики доведе до катастрофални климатски промени, губење на биолошката разновидност и загадување на водата и воздухот на глобално ниво. Мораме да сфатиме дека здравјето на нашите души е поврзано со здравјето на планетата, тоа е всушност и сржта на одржливото живеење и духовната пракса. Ова чувство на поврзаност може да ги ублажи некои од најитните проблеми и проблемите со менталното здравје на нашето време.
Подготви: Горјана Бојаџиевска
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.