Потребни состојки за нудли со брокула и соја сос:
- 350гр. нудли;
- брокула;
- 1 лажица сончоглеово масло;
- 15гр. ѓумбир;
- 1 чешне лук;
- сусам;
- 50мл. соја сос;
- 100мл. оцет;
- 3 лажици шеќер;
- 2 лажици чили сос;
- 1 чили пиперка;
- 1 млад кромид;
Потребно време за подготовка на ова јадење е 25 минути.
Начин на подготовка:
Сварете ги нудлите во врела вода. Додајте ја брокулата последните 4 минути од варењето. Откако ќе бидат готови исцедете ги и измијте ги со ладна вода.
Во меѓувреме во посебен сад подгответе го сосот за нудлите. Додајте го соја сосот, чили сосот, оцетот, шеќерот, исецканиот кромид и чили пиперка и убаво промешајте. Кога ќе биде готов
Во вок тава, ставете го маслото да се загрее на тивок оган. Додајте ги ситно исецкани лукот и ѓумбирот, гответе 3 минути или додека не омекнат. Потоа зголемете ја температурата и додајте ги нудлите и брокулата и убаво промешајте. Додајте го претходно подготвениот сос и гответе уште 2 – 3 минути на тивок оган. За крај додајте го сусамот.
Voilà! Bon Appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.