Потребни состојки:
- нудли
- 300гр. тофу
- брокула
- 2 моркови
- 2 млади кромитчиња
- свеж босилек
- свежо нане
- малку сусамово масло
- сусам
- 60мл. тамари сос
- малку вински оцет ( 2 лажички)
- 2 главици лук
- ѓумбир
- буковец
Потребно време за подготовка на ова јадење е 30 минути
Нутритивна вредност: калории 260; натриум 1390мг. (58%); масти 16гр. (25%); протеини 12гр. (24%); јаглехидрати 21гр. (7%); влакна 3гр. (12%)
Начин на подготовка на нудли
Исцедете го тофуто и оставете го на страна неколку минути за да се исцеди водата. Во меѓувреме подгответе ја маринадата. Во плиток сад со средна големина ставете го тамари сосот, винскиот оцет, маслото од сусам, исецканиот лук, изренданиот ѓумбир и буковецот. Промешајте убаво. Тофуто исечете го на коцки и маринирајте го во претходно подготвената маринада. Оставете го некое време додека не се стегне и упие од маринадата.
Во меѓувреме сварете ги нудлите и исплакнете ги со ладна вода за да се оладат. Брокулата, мкадиот кромид, морковот, босилекот и нането исечкајте ги.
Ставете ги нудлите малку да се проржат на сончогледово масло и додајте го исечканиот зеленчук. Додадете го и сусамот. Промешајте убаво и на крај додадете го маринираното тофу. Промешајте убаво и сервирајте во длабоки чинии.
Voilà! Bon appétit!