Close Menu
Омниа
    Facebook X (Twitter) Instagram
    среда, мај 14
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    • Јога
    • Здравје
    • Личен развој
    • Духовност
    • Авантури и природа
    • Глобална свесност
    • Рецепти
    • Астрологија
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    Home»Личен развој»4 начини како да се ослободите од негативните навики
    Личен развој

    4 начини како да се ослободите од негативните навики

    omnia.mkBy omnia.mk04/09/2023Updated:04/09/2023Нема коментари3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    негативните навики
    Share
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Никој не е совршен, но важно е да можете да го прифатите тоа. Откако ќе го прифатите ќе можете да видите кои и каде се вашите недостатоци. Кога ќе може да ги идентификувате, ќе можете да одберете дали сакате да работите на нив. Се разбира, може да се чувствувате како да имате некои недостатоци кои не можете да ги промените. Вообичаен пример за ова би бил вашата природна убавина или вашиот глас. Сепак, има исто толку недостатоци кои би можеле да ги промените. Тие обично доаѓаат во форма на навики. 

    Сите ние имаме некакви навики. Без разлика дали е начинот на кој ги четкате забите наутро или начинот на кој приготвувате одредена храна, навиките се насекаде. Сепак, ова не значи дека тие се добри или безопасни. Има многу навики кои дефинитивно вреди да ги поправите или да се ослободите од нив. 

    Запишете ги

    Првиот чекот за ослободување од лошите навики е нивно прифаќање. Еден од најдобрите начини да го направите ова е да го запишете на парче харија. Кога нешто е само во вашата глава, понекогаш не изгледа толку реално. Меѓутоа, ако го запишете на лист харија, тоа ќе ви овозможи да го видите појасно. Ова навистина може да ви помогне да сфатите дека ја имате таа навика. Ова е нешто што многу луѓе го имаат направено кога се обидуваат да се откажат од коцкање или алкохол. 

    Една од најтешките работи во справување со лоша навика е тоа што можеби не ни сфаќате дека ја имате. Вака кога постојано ќе ја гледате запишана на парче харија ќе ви помогне да се потсетите и ќе ве држи на вистинскиот пат. 

    Заменете ја со нешто друго 

    Навиките обично се формираат и користат за да се пополнат малите празнини во текот на денот. Доколку сте зафатени со нешто друго, голема е веројатноста дека нема ни да помислите ја правите навиката од која сакате да се откажете. Ова е причината зошто еден од најефикасните начини за да се ослободите од навиката е да ја замените со нешто друго. На пример, многу луѓе јадат од чиста досада. Пронаоѓање на добар извор на забава би можело да биде добар начин да ја замените навиката. 

    здрави навики

    Поставете си мали цели

    Тешко е да бидете цело време мотивирани да се држите подалеку од лошите навики. Ќе има денови кога можеби и ќе се запрашате зошто се обидувате да се откажете од навиката. Сепак, треба да бидете силни и да имате одговор на овие сомнежи коа ќе се појават. Затоа поставете си помали цели. Ова би значело дека ако размислувате да се вратите на навиката, полесно ќе увидите колку напредок би изгубиле. Оваа метода може да ве натера да размислите дали навистина би сакале да изгубите шестмесечен напредок? 

    Разговарајте

    Секогаш е добро да разговарате со луѓето околу вас. Помеѓу пријателите и семејството, треба да има некој со кој ќе се чувствувате удобно да ги споделите овие чувства. Кога некој друг е свесен за вашата ситуација, ќе му биде полесно да помогне. Само затоа што нешто е голем дел од вашиот живот не значи дека е толку очигледно за другите. Покрај тоа, ќе бидете повеќе мотивирани да се држите до вашите цели кога другите знаат од кои навики сакате да се откажете. Ова може да направи да се чувствувате поодговорни бидејќи нема да сакате никого да разочарате со враќање на старите навики.

    УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
    Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

    личен развој лоши навики навики
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Previous ArticleРаџа јога: Дефиниција, придобивки и како да се практикува
    Next Article 4 основни работи што треба да ги направите пред да одите на кампување
    omnia.mk

    Related Posts

    Телото како сведок на сè што премолчуваме

    02/05/2025

    Кога звукот лекува – разговор со звукотерапевт, Ива Зафировска

    25/04/2025

    Дали сме научени да се задоволуваме со премалку?

    21/04/2025

    Comments are closed.

    Омниа.мк
    info@omnia.mk
    контакт телефон +389210180
    Copyright © 2023 Omnia.mk

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.